• Latest

Петровска на средба со висока делегација од норвешкото МНР: Работиме на стратешко партнерство со сојузничка Норвешка

June 29, 2023

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска на средба со висока делегација од норвешкото МНР: Работиме на стратешко партнерство со сојузничка Норвешка

June 29, 2023 14:01
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска имаше средба со државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ејвинд Вад Петерсон, норвешкиот амбасадор Јорн Гјелштад и одбранбеното аташе на Норвешка, полковник Даг Магне Лунде, соопштија од Министерството за одбрана.

Продлабочувањето на одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Норвешка преку потпишување на повеќегодишен Стратешки план за соработка помеѓу двете армии беше тема во фокусот на денешната средба, на која се разговараше и за зајакнувањето на колективната безбедност и проширувањето на Алијансата преку приемот на Шведска, како и за норвешката донација на воена опрема за македонската Армија.

 „Република Северна Македонија уште минатата година го ратификуваше пристапниот протокол за членство на Шведска во НАТО и очекуваме оваа земја да се придружи на североатлантското семејство во најбрз можен рок. Така ја зацврстуваме нашата колективна безбедност и така го демонстрираме нашето единство“, порача Петровска на средбата.

 Во поглед на процесите за модернизација и опремување на македонската Армија, министерката Петровска се заблагодари за норвешката поддршка и донација на воена опрема во борбени и товарни возила која треба да се реализира во текот на 2023 година.

 Воедно, на средбата, министерката Петровска ја осуди руската агресија врз Украина и потенцираше дека Северна Македонија беше меѓу првите држави кои ја поддржаа Украина со конкретна воена помош за одбрана на сопствената територија.

 „Украина е таа која легитимно ја брани својата држава. Затоа бевме меѓу првите држави кои ја осудија руската инвазија и дадовме политичка, но и воена поддршка за одбрана на своите граѓани и територија“, рече Петровска.

Tags: Министерство за одбранаНорвешкаодбрандбена соработкаСлавјанка Петровкса
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ