„Нашата главна цел е вклучување на граѓаните, посебно на младите луѓе во процесот на креирање локални и национални политики. Мислиме дека ќе ја прошириме дејноста на работа. Едниот сегмент е креирање политики, другиот дел е истражувачки центар, каде што ќе се обидеме на граѓаните, на младите но и на институциите да им докажеме преку бројки кои што ни самите институции не можат да ги увидат на терен, вели на панелот органзиран од ЦИВИЛ, Бојан Петровски од Асоцијација за политики и активизам.
Од една страна ќе бидеме гласот на граѓаните и младите, а од друга страна и поддршка на институциите и градење на едно подемократско општество, вели Петровски.
Целата панел дискусија може да ја видите на овој ЛИНК.
Дамајан Варошлија
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети