Различни култури, различни општини, различни искуства во справување со дискриминацијата на локално и државно ниво е темата на која свои видувања дадода учесниците на панелот „Различности, (не)дискриминација и искуства“, организиран од ЦИВИЛ.
-Јас имам многу малку слушнато дека ќе се прави нова стратегија „Едно општество за сите“ и ние како организација не сме вклучени во изработка на истата. Се надевам дека другите колеги од ромската заедница се вклучени во тој процес.
Сметам дека насловот „Едно општество за сите“ асоцира на дискриминација, затоа што ние сме едно општество за сите. Не треба да се каже тоа, не треба да бидеме дистанцирани, Затоа, како што кажав и претходно, интеркултурата и интердијалогот треба да бидат на прво место. Интеркултурата ќе помогне да се намали дискриминацијата, нивото на стереотипи и предрасуди, изјави Даниел Петровски од Здружението „Романо Ило“.
Целата панел дискусија може да ја видите на следниов ЛИНК.
Дамјан Варошлија
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети