• Latest

Пировска: Патриотизмот се злоупотребува за интересите на национализмот

September 12, 2018

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пировска: Патриотизмот се злоупотребува за интересите на национализмот

September 12, 2018 16:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за разликите меѓу национализмот и патриотизмот, говорот на омраза и претстојниот референдум. 

ЦИВИЛ Медиа: Која е разликата помеѓу национализмот и партиотизмот според Вас?

Пировска: Мислам дека е поважно да разговараме за тоа колку пати патриотизмот е злоупотребен за интересите на национализмот, нешто што е долгогодишен феномен во Република Македонија, бидејќи речиси секогаш зад паролите за патриотизам, љубовта кон државата и нејзините интереси, всушност е затскриен национализмот.

Национализмот се покажа како мошне штетен, особено ако се има предвид дека Македонија е мулитиетничка, мултикултурна држава којашто со Рамковниот договор се заложи дека ќе ги негува тие вредности и дека ќе ги негува правата, културата и историјата на другите етнички заедници коишто живеат во Македонија.

За мене отсекогаш бил несфатлив поривот да се промовира патриотизам, притоа со самите постапки да се рефлектира сосема нешто друго, нешто што оди против интересите на државата, нејзиниот мир и нејзината стабилност. Македонија, за жал, стана тло на коешто многу често беа подгревани националистичките пориви и среќа што поради минатото и поради тоа што веќе оваа држава го преживеа, етничките заедници успеаја да ги контролираат тие свои страсти и да не дојде до тензии.

Зборувам за експонирањето со религиски симболи, експонирањето со етнички интереси, со заложби за етнички интереси, со борба меѓу двете етнички заедници за тоа која од нив може да изгради повеќе цркви или џамии. Сето тоа мислам дека во голем дел беше една добро научена лекција за Македонија. И тоа се покажа, особено преку оние немили настани како оној во Диво Насеље во Куманово, кога многумина мислеа и очекуваа дека може да дојде до одреден конфликт помеѓу двете најголеми етнички заедници. Меѓутоа тоа не се случи, со оглед на тоа дека изгледа дека овој народ научи дека поранешната власт многу често се служеше со провокации со цел да предизвика токму таков конфликт којшто би ја дестабилизирал државата но би направил одреден дефокус на она што навистина се случува во Македонија.

ЦИВИЛ Медиа: Кој е вашиот коментар на се поприсутниот говор на омраза во пресрет на референдумот?

Пировска: Говорот на омраза е нешто што ние како феномен го следиме години наназад. Ние имаме и веб платформа на којашто се регистрираат случаите на говор на омраза во Македонија. Морам да кажам дека пред секој изборен процес ние бележиме зголемен број на случаи на говор на омраза. Секако дека референдумот не може да биде исклучок од тоа правило. Притоа, не само што бележиме поголем број на случаи на говор на омраза, ние бележиме и поголем број на дела од омраза и инциденти од омраза. Најчесто се случуваат меѓу малолетни лица од двете етнички заедници и за жал и сторители и жртви се малолетни лица.

Единствено Хелсиншкиот комитет претставува ентитет којшто ги бележи тие случаи. Проблем е што немаме државна институција којашто би презела некакви поенергични мерки кога станува збор за говорот на омраза. Говорот на омраза кај нас се уште не се казнува. Јавното обвинителство не постапува по службена должност. Иако во многу случаи можеше преку информации добиени од медиумите да реагира и да спречи тој говор на омраза да не продуцира насилство. Бидејќи тоа е таа причинско последична врска. Говорот на омраза, секогаш на крајот резултира со инциденти и дела од омраза и секако дека кај нас на прво место, случаите на говор на омраза се по основа на етничка припадност, односно националност. Тоа доволно говори за фактот дека злоупотребата на терминот патриотизам, односно експонирање на национализам и други шовинистички политики многу придонесе за тоа помеѓу младите луѓе да се создаде празнина и страв и неразбирање за различноста на другиот. Јас се надевам дека Обвинителството до 30 септември, кога ќе се случи референдумот, ќе реагира барем по некои случаи за да ги обесхрабри оние коишто и така се окуражени поради инертноста на системот да продолжат со практикување на ова дело.

ЦИВИЛ Медиа: Кој е ставот на Хелсиншкиот комитет во врска со претстојниот референдум?

Пировска: Хелсиншкиот комитет секогаш се приклонувал кон политиките коишто би значеле напредок на демократските процеси во земјата. За референдумот Хелсиншкиот комитет се приклучи кон коалицијата „За европска Македонија“ и ја даде поддршката на оваа кампања, иако во исто време Хелсиншкиот комитет е и дел од десетината граѓански организации коишто ја спроведуваат кампањата „Зачекори напред – изборот е твој!“, којашто има за цел да ги едуцира граѓаните за придобивките од ЕУ и НАТО. Значи зборуваме за информативно-афирмативна кампања, којашто на граѓаните ќе им даде повеќе информации за Европската Унија, за НАТО, за придобивките коишто самата земја ќе ги почувствува со влезот во овие две семејства.

Нашиот став е дека Македонија мора да тргне напред кога станува збор за демократските процеси и дека оваа шанса мора да се искористи. Секако, ние не велиме дека со самото влегување во Европската Унија ќе се решат сите проблеми, врзани со владеењето на правната држава или борбата против корупција. Меѓутоа, без тој момент, без таа шанса на Македонија може да и се случи многу пострашна иднина којашто никако не може да и обезбеди солидно тло за развој на демократските процеси.

Ариан Мехмети
Камера: Атанас Петровски


Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: говор на омразанационализампатриотизамУранија ПировскаХелсиншки Комитет
Share59Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ