Кога се работи за мултикултурата и еднаквоста, сите знаат дека јас секој петок одам во Скопска чаршија, и на шега велам „јас одам на џума“ (петочна молитва кај муслиманите) каде што се дружам и пијам чај со пријатели од сите етнички заедници и националности, вели Александар Николиќ Писарев за ЦИВИЛ Медиа.
„Минатиот петок присуствував на џума, надвор на сокачињата седевме пред џамијата која што ја викат „Кускадија“ (судија што немал брада). Другар кој што седеше до мене знае одлично албански јазик и цело време гледам се чуди и вели „што збори бе овој оџа“, и едвај чекав да заврши џумата да го прашам што зборуваше оџата.
„Леле вели колку ги караше“, прашувам – кого карал?, овој ми вели „па ги карал присутните“, односно им зборел тоа што сега ние го зборуваме и промовираме, односно дека треба да се сакаме, да ја почитуваме секоја националност, дека треба да бидеме чесни, дека треба да не разликуваме ни вера, ни етничка припадност, ни боја на кожа, ни пол, дека треба да живееме во една мултикултурна и хармонична држава.
Имаме уште проблеми на кои треба да работиме, особено на родовата рамноправност, но мислам дека сме на добар пат“, истакна Писарев.
камера и монтажа: Ариан Мехмети