„Постојат организирани центри за ширење на лажни вести и пропаганда, и многу се посилни тие во исток, односно во Москва. Русија гледа на секој начин, не само на нас како кандидат за земја членка за влез во ЕУ, а земја која веќе е влезена во НАТО, меѓутоа истата пропаганда ја водат и кон земјите што некогаш припаѓале на источниот блок“, вели за ЦИВИЛ Медиа, новинарот Александар Николиќ Писарев.
„Ние немаме политичари, тие се намачкани со сите бои и настапуваат од позиција на дневнополитички интерес. Тоа е најлошото, што нема континуитет во водењето на политика, тоа е можеби така поради гео-стратешката политика, од една страна има притисок од ЕУ, притисоците од соседите итн. Ако одите со ѓон, тогаш одите со ѓон против ЕУ, бидејќи Бугарија е членка на ЕУ и таа е милениче во тој мозаик. Ние не сме дел од ЕУ, ние сме пред врата чекајќи, ожеднавме, пропаднавме, огладнавме ама стоиме пред врата“, додаде Николиќ Писарев.
Тој додава дека многу помогна тоа што се забранија руските канали и на некој начин се спречи ширењето на искреирани и лажни содржини.