Праксата покажува дека со вештачката интелигенција многу повеќе и побрзо се шири лажната вест. Како да ја препознаеме лажната вест? Секогаш лажната вест нема опипливи податоци конкретни податоци кои можат да бидат опипливи. Значи, кога ќе биде некоја општа назнака, значи немате, јас зборувам секогаш по мојот предмет криминалистика, кога не можете да прашате кој, каде како, значи немате време, немате место, само една општа лавина, вели проф. Владимир Пивоваров, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Ослободи го умот: Клучни елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во Северна Македонија“.
„Тоа во суштина, лажната вест е како една мала топка снег која се тркала низ планината и прави лавина и таа лавина ја постигнува целта така што психички веќе е прифатена од популацијата. Меѓутоа и тука имаме две категории: оние кои сакаат да ја протурат лажната вест и оние на кои лажната вест им одговара“, вели проф. Пивоваров.
Д. Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети
Целото интервју може да го проследите ТУКА: