„Лажните информации денеска се секојдневие. Значи, прво треба да се прашаме како да ја препознаеме лажната информација? Првото препознавање на лажната информација доаѓа од можноста кога го читате текстот кој е наменет за поширока популација. Значи целта на лажната вест е да го креира јавното мислење во зависност од која сфера доаѓа. Дали од економска сфера, дали од политичка, дали социјална, дали образовна. Значи, кога ќе дојде до својата популација, до таргет групата…“, вели проф. Владимир Пивоваров на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Ослободи го умот: Клучни елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во Северна Македонија“.
„Во таква ситуација нивната цел е да го креираат тие јавното мнение онака како што ним им е наложено од оној, значи, овде верувајте дека тоа не се хакери туку најсовремени информатичари и со многу големо знаење, многу голема едукација кои на специјален начин ги креираат своите замисли кои им се дадени како домашна задача од нарачателот“, вели тој.
Д. Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети
Целото интервју може да го проследите ТУКА: