„Јас, на 60 години, немам никакви услови да учам албански јазик“, изјави еден граѓанин на Скопје, одговарајќи потврдно на прашањето на екипата на ЦИВИЛ Медиа: „Дали употребата на албанскиот јазик го загрозува македонскиот јазик?“
Toj додава дека преку плакати-налепници кои се делат низ парковите, дознал дека ќе треба да плаќа казна од три до пет илјади евра доколку не знае албански јазик!
Но, од друга страна, сепак, не е сигурен во вистинитоста на таквата закана: „Јас се сомневам, и верувам и не верувам дека ќе треба да се плати казна од 5 илјади евра, и така, и така… Провокација!“
Вулнет Махмути
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Маја Ивановска