• Latest

Пеншова: Ми дадоа усмен отказ, иако имам валиден договор!

August 18, 2017

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пеншова: Ми дадоа усмен отказ, иако имам валиден договор!

August 18, 2017 17:15
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Иако имам валиден договор за работа, денеска откако се вратив од одмор и боледување ми беше забрането да влезам во конфекциската фирма ‘Даматекс’ од Пробиштип, бидејќи добив усмен отказ“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, текстилната работничка, Силвана Пеншова. Таа истакна дека пред извесен период паднала на работно место и се здобила со повреди, а не добила ниту лекарска помош.

„Кога паднав на работа, не ми викнаа ниту лекар, морав да го повикам мојот сопруг и да одам на лекарски преглед. Потоа, побарав да ми биде платено, бидејќи се повредив на работно место. Но, не добив ништо“, истакна Пеншова.

Таа потенцира дека „трн во око“ на сопствениците и на менаџментот на фирмата е откако пред извесен период, имало неколку пријави од незадоволни работнички и а тие мислат дека токму таа ги пријавува.

„Ниту знам кој ги испраќа пријавите, ниту каде пријавуваат работничките. Проблемите настанаа по објавен текс во порталот ‘Гласно’, дека во фирмата во која што работам, условите се одлични и дека само една работничка пријавува за кршење на работничките права. Веднаш по објавениот текст, бев повикана и предупредена да се поправам во наредните 15 дена, или ќе добијам отказ. Јас побарав писмено да ми кажат како да се поправам, но до денес, не добив ништо писмено“, додава Пеншова.

Претседателот на невладината организација „Гласно“, Горан Трајков за ЦИВИЛ Медиа, вели дека пред извесен период, сопствениците на фирмата го побарале да направи обиколка на текстилната фабрика и да види во какви услови работат.

„Сопствениците мислеле дека јас ги праќам пријавите и откако им објаснив дека немам никаква врска со тие пријави, побараа од мене да дојдам во фабриката, да видам во какви услови работат. Јас ја посетив фабриката и разговарав со вработените, и потоа констатирав дека работничките имаат добри услови за работа. Таа е една од ретките фирми кои имаат добри услови за работа и ги почитуваат работничките права“, истакна Трајков.

Избрканата Пеншова во изјавата за ЦИВИЛ Медиа потенцира дека ќе пријави во полиција дека не ѝ е дозволен влез во фирмата иако за тоа има договор за работа. Таа смета дека причина за нејзиниот отказ е членството во здружението „Гласен текстилец“ кое ги застапува и се бори за правата на текстилните работнички.

„Ќе пријавам во полиција дека не ме пуштаат да влезам на работа и дека немам писмен отказ. Ако мислат дека ќе ме избркаат со „финтата“ – неоправдано отсуство од три дена, и со тоа автоматски – отказ, многу се излажале“, додава Пеншова.

Дехран Муратов

Tags: „Гласен текстилец“„Гласно“„Даматекс“Горан ТрајковконфекцијаотказСилвана Пеншова
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ