• Latest

По бројните реакции Џезаир Шаќири се повлече од функцијата во Владата

May 12, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

По бројните реакции Џезаир Шаќири се повлече од функцијата во Владата

May 12, 2018 08:23
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Џезаир Шаќири алијас „командант Хоџа“, нема да биде ангажиран како надворешен соработник во Владата на Република Македонија. Од почетокот на месецов тој беше во центарот на вниманието на јавноста откако се дозна дека е ангажиран за советник на премиерот Заев за борба со радикализмот, со договор на една година и месечна плата од 36.000 денари.

Напуштањето на функцијата Шаќири вчера го потврди во изјава за МИА, а потоа и премиерот Зоран Заев, кој рече дека одлуката била заеднички донесена.

– Медиумите во Македонија кренаа преголема врева за ова назначување. Единствениот политичар во Македонија што ми укажал некаква шанса е премиерот Зоран Заев и тој единствено ја има мојата почит. Не сакам заради ова Македонија да трпи на својот пат за ЕУ и НАТО. Ако мислеа дека ми е до тие пари, се лажат. Еве им ги назад, не ми се потребни, изјави Шакири за МИА.

Премиерот Заев подоцна во изјава за медиумите рече дека Владата е транспарентна и дека целта и била инклузивен процес и надминување на конфликтите од минатото.

– Луѓе кои во минатото се гледале низ нишан, сега работаат за својата земја Република Македонија. Но, истовремено сме и луѓе кои слушаат, а реакциите беа преголеми. Слушнавме што народот кажува, што кажа опозицијата која, исто така, беше критичка кон ова прашање. Разговаравме со Џезаир Шаќири и заедно донесовме одлука договорот да го раскинеме, изјави Заев за време на посетата на Битола.

Претходно, по првичните информации за назначувањето и реакциите по нив, Џезаир Шаќири на својот Фејсбук профил напиша дека „ја добил функцијата за да преживее“.

– Ниту сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно се работи за функција за да преживеам. Секакви луѓе има во владата избрани на разни функции, а вие реагирате за мене, напиша Шаќири кој живее во Танушевци и во 2001 беше припадник и командант на ОНА.

Премиерот Заев, пак, на прес-конференција во понеделникот одговарајќи на новинарско прашање за вработувањето на Шаќири рече дека тој може многу да помогне доколку се појават одредени екстремистички или радикални групи на територијата каде што живее, каде што го познава теренот, а може, рече, да помогне и во градењето на концептот „едно општество за сите“. (МИА)

Tags: владаЗоран ЗаевКомандант Хоџаодликаоставка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ