• Latest
Добро утро со Орданоски

По Давос: Колкава е цената на неуспехот?

January 26, 2018
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

По Давос: Колкава е цената на неуспехот?

January 26, 2018 07:19
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Н[/dropcap]ема што многу може да се додаде за судбината на македонско-грчките разговори за „проблемот со името“ по средбата на Заев и Ципрас во Давос. Неспорно е дека процесот се движи во „позитивна насока“, на што упатуваат сите коментари и одгласи од таа средба. Тоа, секако, не е неважен резултат од неа. Дополнително, досегашната синхронизација на постапките на Атина и Скопје е дипломатски и политички дострел сам по себе, со оглед на 27-годишното искуство на меѓусебни препки, подметнувања, дистрибуирани шпекулации и озборувања чии извори, често, се наоѓаа во врвовите на властите во нашите две држави. Можеби од далечниот почеток на овој спор, прв пат и двете официјални страни – барем до сега – се воздржуваат да прават позначајни поени за домашна политичка употреба, бидејќи тоа никогаш не било премногу тешко, а секогаш имало предвидлив внатрешно-политички успех.

Но, впечаток е дека сѐ уште сме во фаза кога се договара само рамката на решението, а преговорите за неговата содржина, барем за јавноста, остануваат непознати. Додека, пак, не ги чуеме главните елементи од содржината на тој „пакет“, тешко е да се прогнозираат изгледите за успешноста на целиот зафат.

Сите добронамерни се надеваат дека вложената енергија ќе даде позитивен резултат и дека некакво решение ќе успее да се најде.

Сепак, ако тоа не се случи, постојат некои последици кои не е тешко да се предвидат?

Се чини дека најбрзата „жртва“ од евентуалниот неуспех ќе биде смислата на понатамошниот формат на овие преговори, како и на самиот меѓународен „олеснувач“, Метју Нимиц: доколку оваа последна, најелаборирана епизода во решавањето на македонско-грчкиот спор не даде резултат, Нимиц ќе мора да си поднесе оставка. Што и да се случува понатаму во македонско-грчките односи, при евентуален неуспех на оваа фаза, позицијата на Нимиц станува неодржлива.

Оставката на Нимиц, пак, ќе предизвика потреба од ново дефинирање на процесот во рамките на ООН и, можеби, нов олеснувач, па и со променет мандат во тој процес – а можеби и не, бидејќи Македонија ќе треба да ги одмери своите натамошни потези во ООН, низ правните и политичките опции што ѝ стојат на располагање. На тоа ќе имаме и морално и правно и политичко право, иако тие принципи не се секогаш решавачки во меѓународната политика.

Понатаму, евентуалниот неуспех неминовно ќе ја втурне македонската политика во „освежен“ бран на национализам и популизам, од сите страни. Власта на СДСМ тешко спроведува реформи дури и кога се поддржани од „космодискот“ на евро-атлантските интегративни перспективи; ако реалноста на тие перспективи се доведе во прашање со неповолен развој на решавањето на спорот со Грција, тогаш Заев и неговите не ќе имаат каде, туку да „удрат“ на „високите ноти“ на идентитетско-колективистичките флоскули, како проверен „ер-бег“ во судир со непријатната реалност.

Во оваа смисла, за ВМРО-ДПМНЕ и разните националистички распаленковци и тапчовци на маргините од нивната идеологија не треба ништо дополнително ни да се елаборира.

Во едно такво „сценарио“, предизвиците што ќе се обноват во внатрешно-политичките македонско-албански односи се добро познати и лесно предвидливи. Сепак, најнејасно е каква ќе биде моќта на СДСМ за привлекување на албански етнички гласови веќе на следните парламентарни избори – а со неповолен тек на околностите, таа вонредна проверка на расположението на гласачите можеби ќе стане неминовна веќе оваа, а не следната, 2019 година, заедно со редовните претседателски избори?

Сите овие калкулации се мотаат низ главите на домашните и на меѓународните политички фактори заинтересирани за натамошниот развој на настаните во Македонија. Во ситуација на тектонски политички пореметувања при неуспехот на македонско-грчките преговори, сите психоделични геополитички опции повторно ќе се извадат на маса и ќе делуваат дека се можни и привлечни, во зависност од силината на гласните жици и на другите ресурси што (ќе) им стојат на располагање на нивните заговорници.

Како сето тоа ќе се одрази на социјалниот и економскиот развој на Македонија, оставам на вашата имагинација.

Да не бидам погрешно сфатен: сѐ уште не мислам дека сме на лош пат, а ниту дека, неопходно, ќе дојде крајот на светот ако разговорите со Грција не дадат резултат. Напротив, само сакам да предупредам на нашата голема потреба тие разговори да дадат резултат, дури и по цена која некому, сега, можеби му се чини и прескапа. Оти, колкава е, всушност, цената на тој неуспех?

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

 

Tags: ГрцијаДавосЗаевМакедонијаНимицОНПреговориЦипрас
Share194Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ