• Latest

По согласноста од Грција, Македонија очекува датум од ЕУ и покана од НАТО

June 25, 2018
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

По согласноста од Грција, Македонија очекува датум од ЕУ и покана од НАТО

June 25, 2018 09:14
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

До Советот на ЕУ за општи работи, кој денеска и утре во Луксембург ќе разгледува почеток на пристапни преговори на Македонија и на Албанија, треба да биде доставено писмото од Грција дека нема да се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија што е исполнување на нејзинот дел од обврските од Договорот за решавање на спорот за името.

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во петокот на конференција во Родос пред новинарите најави дека денеска наутро писмата со иста содржина Грција треба да ги достави до ЕУ и НАТО.

– Во мојата дипломатска канцеларија ги имаме од завчера подготвени писмата. Одбрав да ги потпишам самиот во Брисел во недела за во понеделник наутро да се достават до Европската унија и НАТО. Тоа се писма кои велат дека бев известен од другата страна за ратификацијата на Договорот во Собранието и дека врз основа на обврските и предусловите кои ги имам поставено, може да продолжат напред, рече Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија, воедно објасни дека, како што јави дописничката на МИА од Атина, за да има напредок „потребен е позитивен договор на Советот за општи работи, а таму постојат тешкотии“, бидејќи, како што рече, има земји што се спротивставуваат во овој момент да се даде датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ. Оценува и дека нема да биде добро да се случи такво нешто.

Од петте земји кои Коѕијас ги спомена дека се против интеграција на Македонија и Албанија во ЕУ, во меѓувреме, на таа позиција остана само Франција. Каков ќе биде ставот на Франција, од Француската амбасада велат дека ќе биде соопштено на Советот на ЕУ во петок.

– Разговорите се во тек во Брисел, а конечниот став на Франција ќе го соопшти францускиот претседател Емануел Макрон за време на Советот на ЕУ на 29 јуни, изјави за МИА францускиот амбасадор Кристиан Тимоние.

Своевиден дипломатски притисок викендов направи и САД врз Франција во однос на отворање на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Државниот секретар на САД Мајк Помпео побара од Франција да не го блокира пристапувањето на Македонија во НАТО и ЕУ. Помпео во вчерашниот разговор со шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан, побарал по постигнатиот договор меѓу Скопје и Атина, Париз да ги поддржи аспирациите на Македонија за членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, пренесува МИА.

– Државниот секретар Помпео побара од франускиот министер за надворешни работи Ле Дриан да ја поддржи поканата од НАТО за приклучување на Македонија, како и отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ, по потпишувањето на договорот за името меѓу Грција и Македонија, се наведува во соопштението објавено на веб страницата на Стејт департментот.

Премиерот Зоран Заев деновиве изјави дека очекува поддршка за пристапни преговори да стигне од сите земји – членки на ЕУ, па и од Франција.

–  Јас се надевам дека ќе омекне и срцето на претседателот на Франција, Макрон. Ги разбирам внатрешните дебати кои се отвораат во Франција, но Франција е наш голем пријател. Ако Германија, Франција, Велика Британија, Италија и други земји одат напред, тогаш и Европа ќе се движи напред, а мотивацијата на нашите граѓани ќе биде уште поголема, изјави Заев петокот на новинарско прашање по стартот на изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

Конечната одлука за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ треба да биде донесена во четврток и петок на состанокот на шефови на држави и влади на членките на Унијата. (МИА)

Tags: ГрцијаДоговорЕУинтеграцииМакедонијаНАТО
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ