• Latest

По трагите од руските воени злосторства: Во комората за мачење во Балаклија, непознат затвореник ја изгребал Господовата молитва на ѕидот

September 20, 2022
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

По трагите од руските воени злосторства: Во комората за мачење во Балаклија, непознат затвореник ја изгребал Господовата молитва на ѕидот

Кога ќе замине, Путин ќе остане запаметен по неговите ѕверства и злосторства. Украинците ќе го проколнат додека градат демократска држава. И Русите ќе го проколнат, но нивниот гнев ќе биде искрен дури откако ќе се покајат за своите гревови

September 20, 2022 15:40
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Повторно руските војници оставаат траги од воени злосторства зад себе. Тие бомбардираа болници и театри во Мариупол, гранатираа трговски центар во Кременчух, мачеа и егзекутираа стотици цивили во Буча и Ирпен. Сега, кога украинските сили ги протераа Русите од поголемиот дел од регионот Харкив, голем број злосторства повторно излегоа на виделина, пишува Александар Ј. Мотил, професор по политички науки на Универзитетот Рутгерс-Њуарк за The Hill.

Стратешки важниот град Изjум, под окупација од 1-ви април, се чини дека е еден од клучните центри на масовни убиства. Украинските власти ексхумираа 146 тела на цивили и пронајдоа уште 445 во масовни гробници. Една масовна гробница содржи тела на над 20 украински војници. Рацете им биле врзани зад грб и биле застрелани и убиени. Олех Котенко, украински функционер одговорен за исчезнатите лица, верува дека „бројот на загинати во Изјум може да ја надмине неколкукратно трагедијата во Буча“, во која загинаа над 400 лица.

„Од телата што беа ексхумирани денеска, 99 отсто имаат знаци на насилна смрт. Има тела со врзани раце зад грб, а едно лице е закопано со јаже околу вратот. Очигледно е дека овие луѓе биле мачени и егзекутирани. Меѓу погребаните има и деца“ – вели Олех Синехубов, шеф на државната управа на покраината Харкив.

Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации има намера да испрати истражители во Изјум за да ги проверат украинските наводи.

Украинските власти, исто така, открија десетина комори за мачење низ регионот Харкив, од кои две се во градот Балаклија. Во една од маченичките одаи во Балаклија, непознат затвореник ја издлабил со гребење по ѕидо Господовата молитва на ѕидот и тоа на руски – уште едно сведоштво дека тврдењето на Владимир Путин дека ги ослободува украинските Руси и русо-говорници е, и секогаш било, шупливо. Се чини дека една таква комора била лоцирана во затворот на градската област Купјанск. Во ќелиите наменети за 140 лица имало повеќе од 400 луѓе, а затворениците очигледно биле принудени да спијат стоејќи.

„Целиот свет треба да го види ова. Свет во кој не треба да има суровост и тероризам. Но, тие постојат. И нивното име е Русија. Повеќе од 400 тела беа пронајдени на масовното погребување во Изум. Со знаци на тортура, деца, загинати како резултат на ракетни напади, воини на вооружените сили на Украина. Русија остава само смрт и страдање. Убијци. Мачители. Лишен од се човечко. нема да бегаш. нема да се скриеш. Одмаздата ќе биде праведно страшна. За секој Украинец, за секоја измачена душа“ – рече Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по откривањето на масовните гробници.

Ова се исклучително силни зборови, особено ако се има предвид дека доаѓаат од личност која е израсната во пријателска средина, блиска до Русија и никогаш не очекувала дека таа земја ќе започне војна од севкупни размери против Украина. Но, зборовите на Зеленски не го означуваат само морето од промени што се случи во неговото разбирање за Русија; тие, исто така, ги претставуваат ставовите на огромното мнозинство Украинци. Геноцидната војна на Путин ја консолидираше украинската нација и национален идентитет, а слободата е обединувачка идеја уште од независноста на Украина во 1991 година. Денес, како и Зеленски, сите Украинци знаат дека се токму она што Путин ги обвинува дека се: анти-Русија која е  спротивна на рускиот бренд на империјализам, фашизам и геноцид.

Украинците сега знаат кои се, а кои не се. Спротивно на тоа, Русите наскоро ќе се соочат со вознемирувачки прашања без удобни одговори. Зошто тие беспоговорно го поддржуваа Путин повеќе од две децении, иако тој отворено ги разбиваше новите демократски институции на Русија, ги малтретираше неруските соседи на Русија и се стремеше кон глобална воена супериорност? Зошто го бодреа кога илегално го анектираше Крим во 2014 година и започна војна против Украина истата година? И зошто толку многу Руси сè уште ги затвораат очите пред тековниот геноцид во Украина и се преправаат дека веруваат дека извештаите за злосторства се лажни?

За среќа на Русија, се чини дека сè поголем број Руси развиваат „кичма“ и морална совест. Општинските власти во Санкт Петербург и Москва неодамна побараа разрешување на Путин. Тие потоа беа казнети, но не беа затворени – чин, не на љубезност од страна на властите, туку поради страв дека нивните анти-Путин ставови се шират, бидејќи сè поголем број Руси дознаваат дека нивните синови и сопрузи умреле во Украина или ги гледаат вратени дома осакатени.

И навистина, од 13 септември, 47 локални функционери потпишаа петиција до Државната дума на земјата да го отстрани претседателот Владимир Путин од власт под обвинение за велепредавство.

„Владимир Путин ѝ штети на иднината на Русија и нејзините граѓани“ – се вели во петицијата.

Според Ксенја Торстрем, општински службеник од Санкт Петербург кој ја подготви петицијата, потписниците потекнуваат од „Нижни Новгород до Јакутск, од Новосибирск до Томск. Општо земено, од многу градови“. Поважно е што петицијата не го идентификува Путин како претседател на Русија – затоа што, откако го прекршил неговиот „социјален договор“ со рускиот народ, подносителите велат дека тој повеќе не е претседател.

Кога ќе замине, Путин ќе остане запаметен по неговите ѕверства и злосторства. Украинците ќе го проколнат додека градат демократска држава. И Русите ќе го проколнат, но нивниот гнев ќе биде искрен дури откако ќе се покајат за своите гревови.

Подготви: Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ