• Latest

По три години, Уставниот суд отфрли иницијативата за екстерното тестирање!?

December 28, 2016

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

По три години, Уставниот суд отфрли иницијативата за екстерното тестирање!?

December 28, 2016 15:36
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд ја отфрли иницијативата поднесена од група професори од битолското техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ која се однесува на неколку одредби од Законот за средно образование, во делот на екстерното тестирање.

Уставниот суд донесе одлука дури три години откако професорите ја поднеле иницијативата. Иницијативата беше поднесена – за ученикот кој е незадоволен од резултатите од тестот за екстерно оценување, да има право да поднесе приговор до училишната комисија. Сепак, судот оценил дека тие одредби веќе не се во правниот поредок.

Во тој период, Законот за средно образование беше сменет неколку пати, а оспоруваните одредби  се однесуваа на начинот на составување на тестовите, на спроведувањето на екстерното и на вреднувањето на успехот на наставниците и учениците.

Екстерното тестирање е најкритикуваната реформа во средното образование. Средношколците пред две години одржаа масовни протести и маршови, а повеќе од еден месец кампуваа пред просториите на Министерството за образование и наука. Но, власта не се откажа од спроведувањето на екстерното тестирање. Па така, следното полагање е во јануари, кога ќе го полагаат учениците од завршните години во средните училишта.

Уставниот суд дополнително ќе утврди термин кога ќе разгледува уште една иницијатива за екстерното тестирање, поднесена во септември минатата година, од Наставничкиот пленум, со потписи од над 1.000 наставници. Наставниците регираа поради нелогичностите кои се појавуваат при спроведувањето на екстерното, како на пример, впишувањето на единица од тестот во свидетелството, казните и несоодветниот третман кон наставничкиот кадар при оценувањето на работата.

Tags: екстерно тестирањеобразованиеУставен судЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ