• Latest

Побарано изземање на обвинителот во случајот Алмир

February 6, 2018
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Побарано изземање на обвинителот во случајот Алмир

February 6, 2018 15:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого Обвинителството го гони за убиство на четиригодишниот Алмир, повторно е одложено, откако адвокатот на семејството Алиу побара изземање на обвинителката.

По еден час расправа судијата соопшти дека Јавното обвинителство поради комплексноста на предметот не може да се произнесе за еден ден и наредното рочиште го закажа за 15-ти овој месец.

Адвокатот на второ, трето и четвртообвинетиот за насилство во овој случај, Асмир Алиспаиќ изјави дека по поминати 90 дена од последната одржана главна расправа, поднел барање за изземање на обвинителката во случајот, со цел, како што потенцира, предметот да добие правилен тек на повторната постапка и да се дојде до правилна фактичка состојба. Тој го обвини обвинителот за пристрасност во случајот и нагласи дека во писменото барање за измање доставено до обвинителството побарал да се постави нов обвинител.

– Со повторувањето на постапката, имено ова е предвидено согласно Законот за кривична постапка во делот каде што доколку изминат 90 дена распрвата почнува од почеток. Го следевте текот на настанот до завршните зборови до 01.11. 2017 година и видовте после тоа какви импликации во јавноста се создадоа околу евентуалната можност на кривичното дело за кое што се обвинува Бобан Илиќ, истото да биде евентуално преквалификувано, изјави Алиспаиќ.

Тој изрази надеж дека ова барање ќе биде уважено.

Обвинителката во Основното јавно обвинителство во телефонски разговор, наведе дека постапката во предметот се води по спроведена истрага и по преземени дејствија, во која не беа изготвени невропсхијатриско и сообраќајно вештачење до завршувањето на истрагата, но во текот на главната расправа тие се завршени, вештите лица непосредно, директно и вкрстено се испрашани и одлуката во предметот ќе биде донесена онака како што налага Законот за кривина постапка, поточно врз основа на доказите изведени на главната расправа. И во овој предмет, како и во секој друг ова Обвинителството, посочи обвинителката, одлуката ја носи врз основа на доказите изведени на главна расправа и примената на кривичниот законик.

Обвинителството го товари обвинетиот Илиќ дека на 25 јуни 2016 година го прегази четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна банална вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом. Осомничениот, се товари дека го прегазил четиригодишниот Алмир на улицата „Борис Кидрич“ . За истиот настан против три други лица, инаку, таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: АлмирКумановообвинителствоодложенорочиште
Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ