По долги и тешки здравствени компликации, на 47 годишна возраст почина новинарот Саше Димовски.
Димовски во јавноста беше познат по следењето на случувањата во правосудниот систем, беше Претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на Гордана Сиљановска Давкова.
Работел во Канал 5, Сител, основач на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството, и автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.
Погребот ќе се изврши во среда, 7.8.2024, на новите Градски гробишта во Велес.
М. Д.