„Луѓето треба да ги научат разликите на другиот, за да се запознаат со аспектите на начинот на живот на другиот. Верувам дека со развојот на технологијата и социјалните мрежи луѓето имаат многу повеќе информации и за потеклото, за вредностите, за се што значи една групација или поединец.“, порачува архитектката и активистка Мерита Максути.
„Во моментот кога ќе ги научиме различностите, наш избор е дали ќе го смениме поранешното мислење, или ќе продолжиме да мислиме како порано.
Културните различности само можат да не збогатат нас како поединци, но и како колектив. И верувам дека треба да има одредени прашања на кои треба уште повеќе да се инвестира, во прилог на подобро и поквалитетно функционирање на општеството и заедниците.“, вели Максути.
Д.Тахири
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска