„Една градина со цвеќе кога е поубава, кога има иста боја жолто цвеќе, или кога се различни бои? Градината е убава со различни цветови, како и природата. Природата ни ги дава на нас сите закони, само треба да читаме од природата, она е отворена книга, она ги има сите различности, и тоа е богатството во таа природа, и ние сме дел од природата“, истакна писателот Наум Попески во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“.
„Јас имам другари да речеме Албанци, Босанци со кои се знам со години. Утре, задутре кога ќе дојдат избори ние да не гледаме кој е од која националност или од која партија, само како политичари за него да гласаме. Јас ќе гласам да речеме за некои албански политичари, тој е мој од нашава татковина. И ние заедно со нив ќе влеземе и во европската унија, бидејќи како што ги гледам, како разговараат со каква сериозност, многу од албанските политичари ја влечат Македонија напред.
Од кога дојдоа коалициите различни ние отидовме многу повеќе со времето во нашето живеење од порано. Јас така гледам на тоа, не гледам поинаку. Така и во песните им велам на децата, да се сакаат сите меѓу себе, сите бои и раси, како може поинаку. Еден букет ние поклонуваме на мајката на учителката, и тој букет гледаме да е шарен за да биде поубав, тоа сме и ние луѓето со сите наши различности ние сме така поубави тоа е нашето богатство“, истакна Попески.
Дехран Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети