„Република Северна Македонија историски и суштински секогаш била мултикултурно општество, и тоа според мене претставува сериозно богатство и сериозен потенцијал за развој и на нашата држава и нашето општество“, истакна Џелал Хоџиќ, заменик директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.
„За жал, од таа приказна дека различностите и мултикултурализмот е богатство некако стана една обична фраза, тоа би требало многу повеќе да го почитуваме во пракса, почнувајќи од секојдневието понатаму до однесувањето на институциите. Сметам дека има доста голем простор и потенцијал сите видови на различности да се стават во функција на развој на едно подобро и по просперитетно општество за секој граѓанин“, нагласи Хоџиќ.
Д.М.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети