„Испреплетена ми е крвта со сите нации. Низ моите вени спие историјата на човекот. Јас сум дете на светот. Сите се еднакви во моето огледало. За мене разлики, религии, поделби не постојат, постојат само приказни, кои што чекаат да бидат раскажани низ моите очи“, истакна актерката Владанка Димковска во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“.
„Направи разлика почитувај ги различностите, бидејќи имаме едно такво шаренило, такво изобилство на различни луѓе, тоа е реткост, и навистина треба да го негуваме и да се грижиме за него.
Вакви иницијативи шират љубов и се против омраза, а јас сум секогаш на страната на љубовта, на страната на различностите, бидејќи сметам дека тоа го прави светот да изгледа пошарен и поубав и мојот свет е таков. Јас сакам да живеам во таков свет каде што секогаш ќе бидам дел од едни вакви иницијативи. Без разлика на нашите различности ние во сржтта сме еднакви, затоа треба да се почитуваме“, нагласи Димковска.
Биљана Јордановска
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети