Владите, политичките партии и заедниците ширум светот се стремат да го oсвојат гласот и интересот на нивните избирачи со вклучување на репрезентативната политика во нивните програми, за да постигнат подобар социјален, економски и политички напредок. Овој концепт на партиципативно управување или процес се нарекува политичка разновидност.
Негување на различностите поразбира тежнеење кон прифаќање, почитување и разбирање на секоја индивидуа сама по себе или како дел од заедницата, каде што се препознаени индивидуалните разлики. Сите се препознаваат и уважуваат без оглед на разликите по основ на раса, етничка припадност, пол, сексуална ориентација, социо-економски статус, возраст, физички способности, религиозни убедувања, политички убедувања или други идеологии. Земја која го негува политичкиот диверзитет преку различностите води кон безбедна, позитивна и здрава средина за живеење и делување.
Преку политичката разновидност се овозможува на луѓето од една нација да воспостават репрезентативно управување за сите да имаат глас во процесот на донесување одлуки што влијаат на нивната егзистенција. Таа ги обединува различните луѓе од различни етнички групи и верски заедници, како и од различните региони, за да формираат управно тело што ги почитува, прифаќа и признава граѓанските и политичките интереси на сите засегнати страни. Накратко, политичката разновидност е систем што ги исполнува политичките интереси на сите вклучени страни. Процесот им гарантира на граѓаните да учествуваат во процесот на донесување одлуки во политиките што влијаат на нивниот политички, социјален и економски живот.
Политичкиот диверзитет им овозможува на сите различни култури и ентитети да коегзистираат во хармонија и инклузија, со постојано истражување и инвестирање во индивидуалните и колективните различности преку разбирање и дијалог.
Почитувањето на различностите и инклузивноста го зголемуваат капацитетот на државата да им служи и да ги заштитува луѓето кои имаат различни искуства или потекла и ја зголемуваат нејзината способност да бидат приемчиви за различни традиции и идеи. Сето тоа заедно гради силно, прогресивно и среќно општество, отпорно на предизвиците пред кои е исправен современиот свет.
Б. Јордановска