• Latest

Почнаа големите воени вежби на НАТО на Балтикот

September 9, 2023
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Почнаа големите воени вежби на НАТО на Балтикот

September 9, 2023 19:44
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Големи поморски воени вежби на 14 земји-членки на НАТО, вклучително и САД, започнаа во Балтичкото Море под команда на Германија и се демонстративна вежба на сила во контекст на руската агресија врз Украина. Во вежбата „Северни брегови 23“ учествуваат околу 30 бродови и подморници, 19 авиони и различни копнени единици, се наведува во соопштението на германската морнарица, пишува Украинска правда.

Повеќе од 3.200 војници ќе вежбаат „првпат од почетокот на овие маневри во 2007 година според реално сценарио во рамките на одбраната на НАТО“, изјави адмиралот на флотата Стефан Хаиш. Во претходните години, вежбите првенствено ги подготвуваа војниците за спречување на пиратериски, терористички и шверцерски напади или за учество во меѓународни мисии.

„Руската агресија врз Украина радикално ја промени безбедносната ситуација на Балтикот“, изјави портпаролот на НАТО, Дилан Вајт. „Вежбите од овој тип испраќаат јасна порака. НАТО е подготвен да го брани секој сантиметар од сојузничката територија“, се додава во соопштението.

Операциите, кои ќе траат до 23 септември, ќе се одвиваат главно во водите на Естонија и Летонија, вклучувајќи го поврзаниот копнен и воздушен простор, како и во источните и централните делови на Балтичкото Море. Тие две членки на НАТО, кои некогаш беа дел од Советскиот Сојуз, граничат со Русија.

Вежбите „Северни брегови“ Германија ги започна во 2007 година, а годинава учествуваат Германија, САД, Франција, Италија, Финска, Естонија, Данска, Канада, Белгија, Литванија, Летонија, Холандија, Полска и Шведска.

Русија редовно спроведува воени вежби на Балтикот, последен пат во август. Вежбите „Северни брегови 23“ нема да се одржат во близина на Калининград, руска енклава меѓу Полска и Литванија, со цел да се избегне каква било провокација, соопшти германската морнарица.

Г. Т.

Tags: Балтиквоени вежбиНАТО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ