• Latest

Почнува масовното вакцинирање против Ковид-19 во Скопје, сала „Борис Трајковски“

April 5, 2021
Фотографија: Колаж/АП

Шенжен: Трамп повика на дијалог, Си на соработка, Путин на заедничко решавање конфликти

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Почнува масовното вакцинирање против Ковид-19 во Скопје, сала „Борис Трајковски“

April 5, 2021 09:35
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Масовното вакцинирање на населението против Ковид-19 во земјава официјално ќе почне од денеска во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“). Закажани се термини за 3000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „Спутник В“.

Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од т.н. критична инфраструктура – вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.

Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20 000 руски вакцини „Спутник“, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пункта.

Во салата завчера беше направена проба како ќе функционира и ќе се координира масовната вакцинација – местата каде ќе се прави приемот на граѓаните, потоа индивидуалниот преглед и вакцинирањето, пунктови каде ќе се издаваат потврди со термини за ревакцинација, местото за фрижидерите за вакцините и друго.

Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени. Во салата одредени се места каде вакцинираните ќе бидат под опсервација 15 до 20 минути. На самото место ќе има екипи на Итна медицинска помош, доколку има потреба да интервенираат.

Министерот за здравтсво Венко Филипче завчера при посетата на А1 Арената изјави дека на почеток во просек околу 4 000 луѓе дневно ќе бидат вакцинирани низ државата, а верува дека за кратко време ќе се исполни и планот да се достигнат  7000 термини во еден ден, кога системот ќе профункционира во целост.

Од средата минатата недела почна вакцинацијата на лица над 77 години со вакцините на „Астра Зенека“. Вакцинацијата се одвива во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Чаир“ и „Букурешт“, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци. Минатата недела во земјава стигнаа 24.000 вакцини на „Астра Зенека“, а за лицата над 75 години ќе се искористат 20 илјади.

Лицата помлади од 60 години нема да се вакцинираат со „Астра Зенека“. Оваа одлука нашите здравствени власти ја донесоа по примерот на Канада и на Германија. Но, за вакцините на „Астра Зенека“ се чека и официјалната одлука од Бордот на ЕМА. Засега се аплицира само кај постари граѓани и досега официјално не е пријавен ниту еден несакан ефект, исто како и од другите вакцини што се даваат. Единствен проблематичен случај е со 28-годишната девојка кај која се појавила тромбоза на вена на окото по примањето на „Астра Зенака“.

Процесот на имунизација против коронавирусот, кај нас почна 16 февруари, со вакцинирање на здравствените работници. Досега се вакцинирани 7005 здравствени работници. Над 4000 примија вакцина на „Фајзер“ и беа ревакцинирани.

Околу 10.000 наши граѓани ја искористија можноста да се вакцинираат во соседна Србија.

Во земјата досега има пристигнато 78 илјади вакцини, од кои 48 илјади се донација од српската Влада.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ