• Latest
м-р Велин Стојановски

Поддршка за зелените вредности и ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

August 26, 2022

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Поддршка за зелените вредности и ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

August 26, 2022 11:48
in ЗЕЛЕНИ, СЛОБОДНА ЗОНА, СТАВОВИ
м-р Велин Стојановски

м-р Велин Стојановски

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕЛИН СТОЈАНОВСКИ

Веќе ми постана пракса секое утро да ги прегледувам порталите и електронските медиуми. Прескокнувајќи ги здодевните наслови за бројните кризи, поскапувања, криминал, корупција и воени анализи вниманието ми го привлече најавата за панел дискусијата  во организација на ЗЕЛЕН Цивил.

Темата интересна и секогаш актуелна „Зелени вредности, трансформација на општеството во корист на сите“. Поволно е што настанот се пренесува во живо. Веднаш си ги прилагодив дневните активности кон овој настан.

Додека панелистите ги изнесуваа своите стручни и компетентни согледувања си го поставив прашањето: Колку надлежните институции ми овозможуваат услови да можам да уживам во зелените вредности?

Загаденоста на воздухот посебно за време на грејната сезона, (не)квалитетот на водата за пиење, урбаниот масакар на градовите, сообраќајниот метеж, неконтролираното уништување на шумското богатство, контаминирана еколошка средина, економската и социјалната благосостојба наметнуваат негативен одговор. Односно ми обезбедуваат многу малку или скоро ништо.

Сепак, додека постојат вакви иницијативи и отворени дискусии за зелените вредности ми дава вистинска надеж дека можеби надлежните во институциите и политичарите нема да чекаат некој од Брисел или друг центар во ЕУ да им кажува што треба да направат. Доволно е само да ја погледнат панел дискусијата на Зелениот Цивил и  верувам дека ќе ги искористат внатрешните потенцијали за креирање на политики со кои зелените вредности ќе ги подигнат на многу повисоко рамниште од минималното задоволување на елементарните потреби.

Секако и ние граѓанките и граѓаните треба да си го најдеме нашето место во зелените иницијативи. Колку малку треба да направиме, а да добиеме многу.

Како поддршка на зелените активности на Зелениот Цивил во оваа прилика сакам да споделам едно лично искуство. Еден ден пред повеќе од 12 години поштарот ми донесе 5 сметки за мобилните телефони и сметка за електричната енергија. Како ги отворав сметките избројав дека вкупно 23 листа хартија секој месец добивам во вид на сметки.

Гледајќи во тој куп од хартија, донесов одлука да ја променам состојбата. Истиот ден на веб-страните на Телеком и ЕВН се регистрирав за добивање на електронски сметки, а во  мојата банка потпишав траен налог за плаќање на истите.

Бенефитот од оваа зелена активност за овие 12 години е заштедени повеќе од 3000 листа хартија и не знам колку штетни материјали за печатење на истите. Повеќе од 3000 листа хартија не се непотребно фрлени во ѓубре, со што индиректно давам мал, но вреден придонес во заштита на природата.

Да претпоставиме колку хартија ќе се заштеди и колку помалку ѓубре би било фрлено ако само половина од домаќинствата на локално, регионално и глобално рамниште прифатат сметките да им стигаат само електронски. Верувам доволно за да се направи вистински чекор кон зачувување на животната средина.

На Зелениот Цивил и на панелистите им благодарам за зелените иницијативи и убавите нешта што ги слушна. Верувам дека зелената иницијатива нема да застане на панел дискусијата.

На вредниот тим од Зелениот Цивил би им препорачал заклучоците од панелот, во вид на кратко видео, да бидат доставени до надлежните институции. Како би можеле секојдневно да се потсетуваат што треба да направат и како да ги креираат зелените политики. Истото видео да се постави на повеќе интернет портали и сподели со медиумите како би можеле и ние граѓаните да го пронајдеме нашето место во зелените иницијативи.

Доволно е само малку повеќе внимание да посветиме на зелените иницијативи и светот ќе биде многу поубаво место за живеење.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ