• Latest

Подољак: Руската офанзива целосно пропадна, бунтот се зголемува

March 11, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Подољак: Руската офанзива целосно пропадна, бунтот се зголемува

March 11, 2023 13:46
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Михајло Подољак, главниот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, вчера во интервју за италијанскиот весник „Ла стампа“ потврди дека големата украинска пролетна офанзива ќе започне за околу два месеца, откако украинските војници ќе ја совладаат употребата на новото оружје добиено од Запад (главно тенкови и пешадиски борбени возила), а руските сили се целосно исцрпени во неуспешните напади.

Подољак уште еднаш потврди дека украинската војска нема да се повлече од Бахмут, но целта не е одбрана на градот, туку максимално исцрпување на руската армија и паравоените сили. Според неговата проценка, Русите во битката за Бахмут досега изгубиле 40 илјади војници, убиени и тешко ранети.

Тој истакна дека Украинците немаат апсолутно никаква потреба да брзаат, бидејќи големата руска офанзива за освојување на остатокот од Донбас и доведување на Украинците на преговарачка маса каде што ќе се согласат со сите руски уцени, неславно пропадна.

Освен ако армискиот генерал Сергеј Шојгу (рускиот министер за одбрана) и армискиот генерал Валериј Герасимов (началник на Генералштабот и главен командант на сите руски сили во Украина) имаат некаде скриени уште 300.000 обучени и борбено подготвени Руси. А немаат, инаку одамна ќе беа ангажирани, наведува советникот на украинскиот претседател.

Според него, „тоа значи дека врховниот командант на украинските вооружени сили, генерал Валериј Залужни, повеќе не мора да брза. Одложувањето на најавената офанзива од почетокот на крајот на пролетта, па дури и почетокот на летото, би им донело многу предности на Украинците. Како што се зголемуваат температурите, на војниците ќе им биде многу полесно да останат на отворено, а штом ќе престане дождот, калливите полиња ќе станат многу полесни за движење“, пренесува Индекс.хр.

Со оглед на тоа дека Путин се двоуми со нови масовни мобилизации, истите овие руски војници кои сега крварат во руската офанзива ќе треба да ја трпат украинската еден месец, знаејќи дека нема шанси да бидат сменети и дека можат да си заминат дома или на носилки или во ковчег, додаде Подољак.

Сега е јасно дека со мобилизирање на 300.000 резервисти, руските генерали надоместија дел од нивните загуби, а во исто време драстично ги намалија борбените способности на единиците.

И овие мобилизирани луѓе буквално секој ден се жалат дека им било ветено дека ќе служат во територијалната одбрана, а потоа со измама биле донесени во Украина, каде што завршиле во првите редови на руските напади на украинските позиции. Се жалат и дека им фали се и дека командантите им се неспособни. Дури и до тоа дека тие веќе формално не се дел од руската армија, туку паравоени единици од „Народна Република Доњецк“ и „Народна Република Лиганск“.

Г.Т.

Tags: бунтВојна во УкраинаинтервјуМихајло ПодољакофанзиваРусија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ