• Latest

Подољак: Украина не потпишува никакви документи со Русија во Истанбул, потпишуваме договор со Турција и ОН

July 22, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Подољак: Украина не потпишува никакви документи со Русија во Истанбул, потпишуваме договор со Турција и ОН

July 22, 2022 17:31
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Украина не потпишува никакви документи со Русија во Истанбул, нагласи Михаило Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот, пренесува Укринформ.

„Во однос на договорот од Истанбул „за извоз на жито од Украина., претходно. Украина не потпишува никакви документи со Русија. Потпишуваме договор со Турција и ОН и преземаме обврски кон нив. Русија потпишува огледален договор со Турција и ОН“, напиша Подољак на својот Твитер профил.

Според него, „нема транспортна придружба со руски бродови и присуство на руски претставници во нашите пристаништа. Во случај на провокации, итен воен одговор“.

Подољак исто така додаде дека во случај на таква потреба заеднички групи во водите на Турција ќе вршат инспекции на транспортните бродови.

Украина и Русија потпишаа посебни договори со Турција и Обединетите нации за извоз на жито и други прехранбени производи од украинските пристаништа, наведува дописникот на Укринформ.

Договорот го потпишаа министерот за инфраструктура Олександар Кубраков во име на Украина, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во име на ОН и министерот за одбрана Хулуси Акар во име на Турција.

Во име на Русија договорот во истиот формат го потпиша рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Како што е соопштено, како резултат на неиспровоцираната агресија на Русија во Украина, повеќе од 20 милиони тони жито наменето за извоз, вклучително и во рамките на Светската програма за храна на ОН, се покажа дека се заглавени. Ова ги стави на ризик од глад најранливите земји во светот, особено оние во Африка.

ЕУ организираше „солидарни патеки“ на границата со Украина за извоз на жито по копнен, патен и железнички транспорт, како и по внатрешни водни патишта.

Украинската делегација предводена од министерот за инфраструктура Олександар Кубраков пристигна во Истанбул на преговори за прашањето за житото.

Подготви: Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ