• Latest

Поларизираните Македонци пред нов крстопат и одлука

May 29, 2023
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Поларизираните Македонци пред нов крстопат и одлука

Опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ не нуди валиден социо-економски модел на опстојување на државата во состојба на евроинтеграциско лимбо. Нуди само сопствена надеж и сепак туѓа визија за поинаква ЕУ, трансформирана во сојуз на суверени (едно) национални држави по моделот на Орбан, Качински, Салвини и Ле Пен, ЕУ која сигурно би му се допаднала на Путин, и наводно кога тоа ќе го дочекаме, тогаш ќе можеме да ги репреговараме условите за зачленување.

May 29, 2023 16:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ТОНИ ПОПОВСКИ

Повод за колумнава е анкетното истражување на Преспа Институт чии резултати беа објавени минатата седмица. Да се фокусираме само на наодот дека 61 отсто од испитаниците сметаат дека зачленувањето во Европската Унија е најдобра опција за државата, наспроти 34 отсто кои сметаат дека треба да бараме друга алтернатива. Наодот е охрабрувачки во смисла дека значајно мултиетничко мнозинство од испитаниците преферираат останување на европскиот пат и со тоа на истиот му даваат политички легитимитет, но од друга страна загрижува резервата на испитаниците кои се претежно Македонци и кои сметаат дека треба да се бара друга алтернатива.

Овој наод спореден со претходни анкети покажува тренд на опаѓање на поддршката на Македонците за европскиот пат и постоење на сериозна и длабока поларизација по однос на стратешкиот развоен и политички правец на државата. Нема да погрешиме ако оваа поларизација првенствено ја атрибуираме на неостварените очекувања од ЕУ за овозможување фер и непречен пристапен процес  заснован на заслуги, а особено по склучувањето на Охридскиот рамковен договор и Договорот од Преспа, проследени и со склучен Договор за пријателство и добрососедство со Бугарија. Се работи за претходно испоставени, а потоа исполнети политички предуслови. Сепак, склучувањето на овие три договори овозможи зачленување во НАТО и фактички почеток на преговорите со ЕУ, чија почетна фаза по автоматизам би се финализирала веднаш по усвојување на уставните измени и вклучувањето на делот од бугарскиот народ заедно со делови од други народи во Уставот.

Меѓуостанатото, овие „отстапки“ придонесоа полесно да поминеме низ повеќекратната криза предизвикана од пандемијата и да минуваме низ последиците од војната во Украина, односно со помош на ЕУ, САД и други наши партнери од западните либерални демократии мерливо да ги намалиме социо-економските последици, особено наспроти почетните црни сценарија. Наредната „отстапка“ не само што ќе не фундира на масата за преговори каде еднаш седнавме и ќе продолжиме да седиме со ЕУ 27, туку  ќе создаде и дополнителни можности за конечен и заеднички излез од кризата која го зафати континентот, а со нивна поддршка ќе започнеме силен развоен циклус.

Очигледно е дека во овој  момент, значаен дел од Македонците иако не им е сеедно, сепак ги уважуваат придобивките од  направените отстапки,  но друг значаен дел манифестира недостаток на дигестивен капацитет за нови отстапки, проследено со отворен револт. Овие реакции и определби би можеле да се оценат како природни и очекувани имајќи го предвид редоследот на настани, но само доколку во обликувањето на перцепциите и поврзаните емоции не учествуваат домашните политички партии  и трети недобронамерни страни, а тие не само што учествуваат туку и активно манипулираат со емоциите на македонските избирачи.

Во дебатата за потенцијалните уставни измени, очигледно е дека опозицијата преку нагласено остар, провокативен и конфронтирачки тон и наративи со застрашување од бугаризација, а во последно време и албанизација, и обвинувања за наводно национално предавство, па дури и сѐ позачестени отворени повици на наклонети аналитичари и новинари за народни револуции и улични пресметки со неистомисленици, се обидува политички да капитализира од подлабокото разочарување во ЕУ кај дел од избирачите Македонци. Притоа делот од опозицијата кој е предводен од ВМРО ДПМНЕ барем декларативно не нуди алтернативен пат на европскиот, но суштински бара поддршка од избирачите за доаѓање на власт и прогласување тајм-аут во процесот. Безмалку идентични барања за тајм-аут доаѓаат и од поединци и помали партии кои до вчера беа влијателен дел од власта, како и дел од новинарите, институтско – академската и НВО сцената, која во минатото милуваше да се претставува како проевропска и уживаше поврзана поддршка и привилегии од ЕУ,  но сега е пркосно и тврдокорно застанатата на скептична позиција кон оваа и ваква, за нив „неочекувано“ разочарувачка ЕУ.  За разлика од првиве кои веднаш би прогласиле тајм-аут и би не вратиле назад во чекалница, односно во лимбо, Левица сепак ја одликува повисок степен на политичка чесност бидејќи отворено се залага за напуштање и на чекалницата,  односно за замена на геополитичката Евро-визија со геополитичка Евроазија предводена од Руската Федерација, како и замена на политичкиот систем на либерална демократија со авторитарен систем, со можни варијации во тој  спектар, од моделите на Енвер Хоџа и Кастро, кинески, а зошто да не и северно-корејски тип на комунизам па се до олигархиско примордијалниот капитализам на Путин.

Во продолжение, да илуминираме барем две константи во политичката понуда на опозицијата и нејзините евроскептични сателити.

Прва константа е дека опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ не нуди валиден социо-економски модел на опстојување на државата во состојба на евроинтеграциско лимбо. Нуди само сопствена надеж и сепак туѓа визија за поинаква ЕУ, трансформирана во сојуз на суверени (едно) национални држави по моделот на Орбан, Качински, Салвини и Ле Пен, ЕУ која сигурно би му се допаднала на Путин, и наводно кога тоа ќе го дочекаме, тогаш ќе можеме да ги репреговараме условите за зачленување. Додека чекаме ќе се занимаваме со домашниот Буџет. Ќе го надградуваме и доградуваме.  Ако се јави потреба од дополнителни средства тогаш ќе ги мобилизираме од каде можеме, па макар тоа била Евроазија, или ќе ја претвориме земјата во офшор зона, или економски ќе ја Орбанизираме, Салвинизираме или Субратизираме.  Левица од своја страна, сепак нуди појасен и поизвесен социо-економски модел на економска зависност од Евроазиските првенци со централно и политички контролиран проток на луѓе, добра и капитал, каде клучен двигател на трговската размена е нејзиното височество провизијата, во комбинација со кинеско фискално ропство, систем каде понизно не се очекува грант туку се дава грант во политичка лојалност, сето ова наспроти моделот на постепено интегрирање во заедничкиот пазар на ЕУ, слободен проток на луѓе, добра и капитал, и економија која генерира солидарни средства за рамномерен развој на своите држави и нивните  региони. За разлика од поголемиве во опозицијата, сателитите и евроскептичните не се занимаваат со прозаичното егзистенцијално секојдневие. Тие се на повисока почва и решиле да се занимаваат со златниот стандард на преговори, и со визијата за денационализирана и деполитизирана ЕУ во која владеат тинк-тенкови.

Кога веќе ги спомнавме тинк-тенковите да ги спомнеме и тенковите. Втора константа на политичката понуда на опозицијата и на екс евровизионерите е целосно игнорирање на безбедносните ризици по внатрешната стабилност, суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката. Нема да слушнете или прочитате одговор на прашањето, што ќе се случува на внатрешно политички план кај нас, на кус или среден рок, доколку кон ЕУ покрупно исчекори Албанија а ние застанеме, односно се вратиме еден или повеќе чекори назад? На каков тип на безбедносни закани сме изложени во моментов и дали тие закани и ризици ќе се зголемат или ќе се намалат? Легитимни прашања кои заслужуваат одговор, кој барем јас не очекувам да го добиеме, а неодговорно е да не го добиме особено од оние кои покрај амбиција имаат реална шанса да владеат со нас.

Tags: анкетаЕУистражувањеМакедонциМислењеПреспа институт
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ