• Latest
Фото: Човек гледал како доброволци бараат тела во стариот кварт на градот Антакија во провинцијата Хатај во четвртокот - Emily Garthwaite / The New York Times

Политиката пред хуманоста: Помошта тешко стигнува во Сирија, луѓето сами ги спасуваат своите семејства и децата

February 10, 2023
Фото; СДСМ/ Фејсбук

Македонски блок 2025: СДСМ со критика кон владините политики за реставрација на авторитарни модели и во одбрана на европската иднина

September 1, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук

Македонски блок 2025: Наративот на ВМРО-ДПМНЕ за „национален проект за обнова на Македонија“ присутен во сите сегменти на политичката кампања

September 1, 2025

24 ЧАСА: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – вечен судир на наративи; Судири со полицијата во Нови Сад; Убиен портпаролот на Хамас; Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

September 1, 2025

Македонски блок 2025: Валкана кампања, дезинформации и манипулации

September 1, 2025

Македонски блок 2025: Кои се четирите доминантни наративи?

September 1, 2025

Османи одговори на прозивката на Меџити за средбата со Груевски: Дури и да имало нешто такво, тоа се класифицирани информации и би било во рамките на функцијата на министерот за надворешни работи

September 1, 2025

Светските медиуми се обединуваат во протест против убиствата на новинари во Газа од страна на Израел

September 1, 2025

Филипче: Владата го стопира ЕУ патот – Муцунски: Нашата иднина е европска, потребни се трпение и мудрост

September 1, 2025

Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Време е за поконкретни прашања и поголема одговорност

September 1, 2025

ПОЛИТИКО: Авионот на Фон дер Лајен нападнат од ГПС пречки, се сомнева дека нападот е од Русија

September 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Политиката пред хуманоста: Помошта тешко стигнува во Сирија, луѓето сами ги спасуваат своите семејства и децата

Постојат дополнителни потешкотии за добивање помош во делови од Сирија кои сè уште се контролирани од опозициските сили, како во Идлиб, каде живеат околу 4,8 милиони луѓе и дури и пред оваа катастрофа беше тешко да се дојде до залихи или помош во овие области

February 10, 2023 11:42
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Човек гледал како доброволци бараат тела во стариот кварт на градот Антакија во провинцијата Хатај во четвртокот - Emily Garthwaite / The New York Times

Фото: Човек гледал како доброволци бараат тела во стариот кварт на градот Антакија во провинцијата Хатај во четвртокот - Emily Garthwaite / The New York Times

Share on FacebookShare on Twitter

ОН дури вчера испрати хуманитарен конвој во Сирија под контрола на опозицијата, што е прв пат по силниот земјотрес што го погоди регионот пред три дена, во кој загинаа повеќе од 20.000 луѓе, а стотици илјади останаа без покрив над главата низ Сирија и соседна Турција. Од вчера, бројот на загинати во Турција ја надмина границата од 17.600., додека дополнителни 3.377 луѓе загинале во Сирија, пренесеува Њу Јорк Тајмс.

Недостигот на камиони, блокираните патишта и другите логистички пречки ги попречуваат напорите на над 100.000 спасувачки персонал кој работи во Турција за ископување жртви, закопување на мртвите и за давање помош на очајните преживеани. Ниските температури и големиот недостиг на две основни комунални услуги, греење и електрична енергија, дополнително им ја отежнуваат работата.

Преку границата во северозападна Сирија, каде што милиони раселени лица поради граѓанската војна во земјата издржуваа брутална зима без греење кога се случи земјотресот, прекините на електричната енергија создаваат недостиг на гориво во болниците. Снежните врнежи дополнително ги комплицираа спасувачките напори таму.

Ширум Антакија, античкиот главен град на провинцијата Хатај и град со 200.000 жители, илјадници бараат помош.

„ Ја нема повеќе Антакија“, рече сопственикот на хотел во градот. „Ги изгубив пријателите; Ги изгубив зградите каде што јадев и пиев со моите пријатели. Ги изгубив сите мои спомени. Веќе немам причина да живеам во Хатај. Затоа што нема ништо“.

Но, постојат дополнителни потешкотии за добивање помош во делови од Сирија кои сè уште се контролирани од опозициските сили, на пример, во Идлиб. Околу 4,8 милиони луѓе живеат во овие области и дури и пред оваа катастрофа беше тешко да се дојде до залихи или помош во оваа област.

Делот од Сирија кој е најпогоден од земјотресот е под контрола на опозицијата и е под постојани напади на сириската влада и руската војска. Всушност, кратко време по земјотресот, сириските сили го гранатираа градот Мареа, пренесува ДВ.

Една од причините зошто помошта тешко стигнува во  загрозените подрачја во Сирија е тоа што како резултат на долгогодишните борби, инфраструктурата овде е веќе тешко оштетена, со оскудни медицински материјали, речиси и да нема спасувачки служби и многу луѓе кои живеат тука зависат од меѓународна помош. Меѓународната помош затаи, или прилично доцни, па луѓето сами ги спасуваат своите семејства и децата.

No help arrived from outside Syria, people save their families and children themselves. #Idlib #earthquake #Syria pic.twitter.com/xOO55kOs5v

— عمر البم | Omar Al-Bam (@omar_albam) February 7, 2023

Исто така,  проблематично е и да се добие помош за места како Алепо, кој е контролиран од режимот на Асад, бидејќи во овие области не може да се заобиколи координирањето на меѓународната помош со владата на Асад, затоа од минатото искуство е познато дека сите пари за помош што минуваат преку владата во Дамаск завршуваат како помош за финансирање на владата.

Хуманитарната помош и другите испораки пристигнаа само преку еден граничен премин, Баб ал-Хава на турско-сириската граница. Овој премин се одржува само благодарение на резолуцијата на Обединетите нации, дека треба да се обновува на секои шест месеци и што често се користи како политичка игра од страна на сириската влада и нејзините руски сојузници, без разлика на трошоците за цивилите кои живеат во оваа област.

Секако, постојат начини да се добие помош во областите погодени од земјотрес во северна Сирија и да се спасат животи, но, тие се отежнати од различни политички позиции заземени и од Турција и од Сирија.

Подготви: Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: земјотресОНполитикаСиријахуманитарна помош
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ