„Со ваков третман на науката не нè очекува ништо добро“, вели еден постар господин на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Каква иднина не очекува?
„Науката мора да цвета, ако сака државата да егзистира, бидејќи, без наука нема држава. Нас нè нема на Шангајска листа, тоа е страшна работа, тоа покажува дека политиката се плаши од наука“, нагласува тој.
Универзитетите од Северна Македонија и годинава не се најдоа на Шангајската листа на најдобри 1.000 универзитети во светот.
На листата на Академско рангирање на светски универзитети за 2019 година, на прво место 17-та година по ред е Универзитетот Харвард, на второ Стенфорд од САД, а на трето британскиот Универзитет Кембриџ.
Најдобриот македонски универзитет „Св. Кирил и Методиј“, на светската ранг листа е 1.568-ти. На национално ниво втор е Штипскиот „Гоце Делчев“ (3.279 во светот), трет е Универзитетот на ЈИЕ (3.881), четврти Државниот универзитет во Тетово (4.912), а на пето место е Битолскиот „Св. Климент Охридски“ (5.697).
Текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети