• Latest

Политико: Рускиот напад после кој останаа тела расфрлани по градските улици не е „грешка“ – тоа е стратегија

April 15, 2025
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Политико: Рускиот напад после кој останаа тела расфрлани по градските улици не е „грешка“ – тоа е стратегија

April 15, 2025 19:45
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша рускиот двоен балистички ракетен напад врз украинскиот град Суми во кој загинаа 35 и ранети 117 како „грешка“ на Русите.

Но, тоа не е така, се наведува во статија на Политико, во која се анализира руската воена стратегијата, која, според анализата, доведе до обвинувања од страна на украинските цивили до нивната војска.

Нападот врз Суми во неделата, како и нападот на 4 април на Кривји Рих, каде што руската балистичка ракета исполнета со касетна муниција уби 20 луѓе, а рани 80, всушност е дел од руската воена стратегија. Целта е да се тероризира цивилното население и да се сврти против украинската војска и влада, принудувајќи ги да бараат мир со Москва.

„Русија води целосна војна против Украина“, вели Микола Билиесков, воен аналитичар и научен соработник во Украинскиот национален институт за стратешки студии.

„Целта на оваа тотална војна е да ги принуди цивилите да направат притисок врз украинските власти да преговараат за решение за условите на Русија. Досега  Русите не успеаја, но тие веруваат дека постои пресвртна точка над која цивилите ќе почнат да ја насочуваат својата омраза не кон Руската Федерација, туку кон нашата влада“, додава Билиесков.

Тоа е тактика што земји ја користеле едни против други од доаѓањето на воздушното војување во 20 век, но има неколку, ако воопшто некои примери на терористичко бомбардирање, да бидат ефективни во поттикнувањето на цивилите да се побунат против нивната влада; обично, одговорот на таквите напади е спротивен.

Како и да е, руските напади ги изнесуваат на површина  тензиите во украинското општество додека војната се одолговлекува во својата четврта година, се наведува понатаму во статијата на Политико.

По нападот на Суми, Маријана Безула, опозициска пратеничка, ја обвини украинската војска дека ги загрозува цивилите со одржување на церемонијата на доделување на војниците во Суми и покрај тоа што знаела за претстојниот руски напад. Војниците биле неповредени бидејќи биле во засолниште.

Артем Семенихин, градоначалник на Конотоп, град во регионот Суми, го обвини локалниот гувернер дека планира церемонија за локална воена бригада. Тој додаде дека со тоа, гувернерот и помогнал на Русија да го оправда „геноцидниот напад врз нас, Украинците“.

Русија го користи присуството на војници во градот за да го легитимира нападот што наиде на меѓународна осуда. Руското Министерство за одбрана потврди дека користело две балистички ракети против Суми, велејќи дека цел на „собир на украинската воена команда“ биле убиени 60 војници. Москва го обвини Кијив дека „повторно ги користи цивилите како жив штит“.

Генералштабот на Украина не издаде соопштение за тоа дали имало војниците во Суми, но  тврдеше дека Москва цели кон цивили, и вети одмазда против руската војска.

Без разлика дали имало или не војници во Суми, Русија и претходно користела сличен јазик за да ги оправда своите други напади врз украинските градови, вели воениот аналитичар Билиесков.

Обвинувањето на војската значи паѓање во замката на Русија да се обиде да ја одвои армијата од цивилите, рече Тетијана Трошчинска, истакната украинска новинарка.

„Вие сте виновни, ни велат непријателите. И ако наместо тоа почнеме да ја обвинуваме нашата војска, тоа ќе значи дека губиме“, додава Трошчинска.

Поради честите руски напади, украинската војска повеќе не ги сместува своите војници во касарните. Наместо во касарни, војниците живеат во нормални станови, но таквите живеалишта тешко се изнајмуваат бидејќи многу локални жители стравуваат дека ќе бидат погодени од руски проектил или беспилотни летала ако ги отворат вратите за војската.

„Главната причина што ја слушнав од оние кои не ни дозволуваат да изнајмиме куќа беше: „Овде ќе лета проектил поради вас! Тоа не ни треба“, вели за Политико украински војник, кој се идентификуваше само по името Андрии.

Подготви: Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ