• Latest

„Политико“: Врзан јазик – бугарскиот проблем со јазикот го блокира патот на Северна Македонија кон ЕУ

December 8, 2020
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

„Политико“: Врзан јазик – бугарскиот проблем со јазикот го блокира патот на Северна Македонија кон ЕУ

December 8, 2020 16:13
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

После 15 години фрустрација, Северна Македонија конечно доби зелено светло од ЕУ оваа година да ги започне разговорите за членство – за да најде уште едно црвено светло на следниот свиок. Преговорите за членство траат со години и се фокусираат на практични прашања за подготвеноста на една земја да се приклучи на блокот. Но, Бугарија го попречува почетокот на овие разговори со барања што покренуваат поинакво прашање: Што е јазик?, пишува денешен „Политико“.

Според „Политико“, за Софија јазикот што се зборува во Северна Македонија воопшто не е посебен јазик, туку регионална варијанта на бугарски јазик. Скопје го отфрла ова, а исто така го отфрла и барањето на Софија дека треба да го прифати овој став пред да започнат разговорите.

Бугарската блокада ги изнервира дипломатите од другите земји на ЕУ бидејќи билатералниот спор ја одолговлекува одлуката околу која сите членки се согласија и го загрозува она што многумина го сметаат за стратешки приоритет – зголемување на влијанието на ЕУ во нејзиното балканско соседство, каде ривалските сили како Русија, Турција, Кина и арапските држави во Заливот се повеќе се активни.

Но, тоа не е ништо, се посочува, во споредба со гневот што се чувствува во Северна Македонија.

-Ако која било нација во Европа треба да избере помеѓу својот идентитет и влегувањето во ЕУ, тогаш нешто не е во ред со тие опции, рече за „Политико“ вицепремиерот Никола Димитров.

Како и многумина, тој смета дека јазичниот спор е прашање на национален идентитет.

-Кои сме ние, е наша работа, тоа е работа на македонскиот народ. Сметаме дека ова во никој случај не треба да биде предуслов за нашата европска иднина, рече Димитров.

Според него, тука има влог и Европската унија. -Одлуката за почеток на пристапните преговори беше безусловна. Како Европа ќе се справи со ова, ќе испрати порака до целиот регион во врска со кредибилитетот на процесот, прашува тој.

„Политико“ наведува дека сите 27 земји-членки – вклучително и Бугарија – се согласија да започнат разговори со Северна Македонија и Албанија во март, без да поставуваат услови.

Но, Бугарија, се посочува, испрати меморандум до другите 26 земји, инсистирајќи на тоа дека документите на ЕУ треба да признаат дека „официјалниот јазик што се користи во денешна Република Северна Македонија може да се смета само како пишана регионална норма на бугарскиот јазик“.

-Никој не го оспорува нивното право самостојно да ја дефинираат својата нација и да го нарекуваат својот јазик како што сакаат. Но, не можеме да се согласиме дека ова право ќе се заснова на омраза, кражба на историја и негирање на Бугарија, ја цитира „Политико“ изјавата на бугарската министерка за надворешни работи  Екатерина Захариева, дадена за  БТВ минатиот месец.

Според „Политико“, бугарскиот и македонскиот јазик се меѓусебно разбирливи – но тоа е случај со многу словенски јазици што се зборуваат во земјите што се граничат едни со други.

Петар Тодоров, македонски историчар, верува дека ова е казна за неговата земја затоа што е релативно млада нација. Тој вели дека е апсурдно да се третира земјата поинаку само затоа што нејзините предци не го одделиле нивниот идентитет од бугарскиот многу порано.

„Создавањето на македонскиот национален идентитет, вели Тодоров, „не се разликува од создавањето на кој било национален идентитет ширум светот. Да се ​​каже дека етничкиот идентитет на Македонија е создаден само со политички декрет во 1945 година, нема никакви основи во современата наука “.

Плус, мнозинството современи европски нации – освен поранешните империи како Велика Британија, Франција и Германија или нордиските земји – ги кодифицираа своите пишани и стандардни модерни јазици во 19 и 20 век. На крајот на краиштата, ниту „јазик“ ниту „дијалект“ не е јасно дефинирана категорија и тешко дека спорот ќе го решат лингвисти, подвлекува „Политико“.

Северна Македонија и Бугарија имаат форум за решавање барем на некои од нивните разлики: Двете земји формираа заедничка историска комисија во 2017 година за да се договорат за взаемно прифатливи толкувања на историските личности и настани. Но, ова, се наведува, е далеку од брз процес.

-И двете страни, во текот на изминатите децении, создадоа наративи кои се  зацементирани во главите на бугарскиот и македонскиот народ, вели Стефан Дечев, бугарски историчар, според кого, да се очекува да се решат овие проблеми до декември е смешно, наведува во текстот „Политико“.

Во меѓувреме, во Северна Македонија, се посочува, расте разочарувањето од бавното темпо на процесот на пристапот во ЕУ. Многумина велат дека иако сакаат членство во ЕУ за земјата, тие се уморни од тоа што нивниот идентитет е оспоруван на секој чекор.

-Проблемот со јазикот е важен за нас, вели Трпе Ристоски, 49. „Нашиот јазик е македонски и нема да прифатиме ништо друго. Додека просечните луѓе не можат да влијаат на политиката, јас не можам да прифатам дека јазикот не е македонски. Сè друго е вештачко “.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ