• Latest

Политичката криза влијаеше на темпото на реформите

June 27, 2017

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Политичката криза влијаеше на темпото на реформите

June 27, 2017 16:28
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешниот работен појадок во Министерството за надворешни работи министерот Никола Димитров изрази благодарност за ангажманот на експертскиот тим предводен од Рајнхард Прибе што со прецизното детектирање на недостатоците во неколку клучни области, придонесе кон процесите за надминување на политичката криза. По појадокот, Прибе денеска имаше средби и во министерствата за внатрешни работи, за правда и за евроинтеграции. За денеска е најавена и средба со претставници на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерот Бујани Османи посочи дека е потребна директна и отворена комуникација по однос на сите прашања кои треба да се решат, со цел меѓусебно разбирање, како основа за враќање на довербата на граѓаните во институциите.

„Свесни сме дека периодот на политичка криза, кој е веќе зад нас, влијаеше на темпото на реформите и спроведувањето на препораките од Извештајот на групата експерти од 2015 година. Во овој процес на исполнување на преземените обврски, од исклучителна важност за нас е вашето вклучување во овој процес, преку вашите совети, надзор и забелешки, имајќи предвид дека вашето име во моментов претставува и синоним за реформи во земјава. Јас, како и Секретаријатот за европски прашања, стоиме на располагање за сè што ви треба за објективна и точна проценка на состојбата. Клучно е да добиеме од вас јасни препораки за она што треба да биде преземено и што може да биде реализирано, на краток и среден рок“, рече Османи.

Министрите заедно ја истакнале цврстата заложба на Владата да ги адресира препораките од Извештајот на експертската група од 2015 и да ги спроведе мерките, предвидени со Акцискиот план за Итните реформски приоритети, со цел – Европската комисија да ја отстрани условеноста на препораката за почеток на пристапни преговори.

„На средбата беше изразено уверување дека натамошниот ангажман и идните насоки на експертската група ќе бидат од исклучителна помош за испорачување конкретни резултати во клучните области, со цел подобрување на животот на граѓаните и забрзување на европскиот интегративен процес на Македонија. Притоа, министерот Димитров и заменик-претседателот Османи, информираа за нашите активности, во насока на подобрување на односите и соработката со соседите, како еден од клучните приоритети во надворешната политика на Република Македонија“, се вели во соопштението од МНР.

Прибе ја нагласил неопходноста од засилен ангажман и мобилизација на релевантните институции во земјата за спроведување на препораките од Извештајот и Итните реформски приоритети и ја реафирмирал подготвеноста експертскиот тим да ѝ помогне на Македонија за надминување на посочените недостатоци во неколку важни области кои се однесуваат на владеењето на правото, слободата на медиумите и независноста на регулаторните тела.

Tags: Акциски планвладаДимитровИзвештај на ПрибеИтни реформски приоритетиМНРОсманипакет итни мерки
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ