• Latest

Политички притисок врз вработен, зашто блиските му се во СДСМ!

February 8, 2017
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Политички притисок врз вработен, зашто блиските му се во СДСМ!

February 8, 2017 15:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вработен во јавна установа во општина во западниот дел од Македонија, се соочува со жесток мобинг. По 25- годишно работно искуство, соодветна едукација и посветеност во работата, затоа што неговите блиски се членови на СДСМ, тој се соочува со жестоки политички притисоци. По изборите, кон средината на декември е прераспределен на друго работно место. „Бескрупулозно, крајно непрофесионално и без преседан е овој чин на кадрите од ВМРО-ДПМНЕ кои и не криеја дека вршат политичка одмазда“, тврди за ЦИВИЛ Медиа нашиот соговорник, кој инсистира на своја анонимност.

„Апсурдно е, затоа што јас не сум член на партија. Точно е дека моите блиски се членови, активисти на СДСМ и тоа е нивен избор. По изборите ми го врачија решението со кое ме распределуваат на ново работно место, за кое што јас немам квалификации, и логично е дека не ќе можам да го дадам својот максимум во работата“, додава овој мобиран работник.

Политичките притисоци на кои е изложен доаѓаат во многу тежок период од неговиот живот, затоа што боледува од тешка болест. Неодамна е опериран, па во овој период на рехабилитација, како што вели, не е подготвен ни за дополнителни драми и тортури, на кои не се сомнева дека ќе биде изложен, доколку одлучи да го открие својот идентитет.

„На моите блиски им рекоа дека сум казнет, токму поради фактот што тие се членови и активисти на СДСМ. Тоа бесрамно, отворено им го кажаа. Јас не можев да појдам да го земам решението, зашто во моментов сум на рехабилитација по тешка операција, поради болест која што ми го доведува во опасност и мојот живот. И во сета оваа моја лична драма, уште ова ми недостасува“, вели нашиот соговорник.

Тој тврди дека во услови на политички мобинг без преседан, бил принуден и да ангажира адвокат. Во моментов има поднесено жалба на новото решение во законски рок, но одговор од надлежните сé уште нема.

„Не можам да говорам јавно, зашто не сум подготвен на дополнителен стрес во целата оваа состојба со која се соочувам јас и моето семејство. Но, навистина е неиздржливо, вакво однесување на овие кадри, кои партијата ВМРО-ДПМНЕ ги ставила на раководни позиции, ова е изживување со одговорни работници“, изјави нашиот соговорник.

ЦИВИЛ Медиа и натаму ќе застанува во одбрана на правата на работниците и ќе продолжи да информира за сите прекршувања на работничките права, за притисоци и за секаква форма на мобинг врз вработените, како во јавниот, така и во приватниот сектор.

Моника Талеска

Tags: ВМРО-ДПМНЕзаканимобингпритисоциработнички праваСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ