На повик на организаторите, демонстрантите почнаа да се повлекуваат, но еден дел од демонстрантите се судри со полицијата. Почнаа да фрлаат со камења и предмети, на што полицијата одговори со солзавец и со поддршка на оклопни полициски возила почна со истиснување на насилниот дел од масата демонстранти. Репортерите јавуваат за најмалку едно приведено лице.
Во моментов се слушаат истрели, најверојатно од шок бомби.