• Latest
Фото: ВИ

Половина милијарда за ветер(ници) во Штип – 100 милиони прашалници

July 28, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Половина милијарда за ветер(ници) во Штип – 100 милиони прашалници

Додека премиерот Мицкоски ја претстави инвестицијата на „Алказар Енерџи“ како најголем проект за обновлива енергија во историјата на Северна Македонија, вреден половина милијарда долари, и најави енергетска револуција, инженерите и експертите предупредуваат на нетранспарентност, енергетска зависност и можно кршење на законите.

July 28, 2025 13:48
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: ВИ

Фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

„Градиме темели на промените. Доаѓа времето на Македонија“, вака премиерот Христијан Мицкоски ја претстави инвестицијата на „Алказар Енерџи“ како најголем проект за обновлива енергија во историјата на Северна Македонија, вреден половина милијарда долари. Според него, ветерниот парк ќе произведува 1 терават-час електрична енергија годишно, што ќе покрие околу 20% од домашното производство на струја и ќе донесе 100 милиони евра во БДП.

„Ова е исполнување на едно ветување дадено пред една година“, истакна Мицкоски, пред ставањето на камен темелник за започнување на изградбата на 55 ветерници во околината на Штип, Карбинци и Радовиш.

„Енергетско ропство“ или стратешка инвестиција?

Во јавноста се појавија и реакции од експертската заедница. Инженери и (пензионирани) професори предупредуваат на ризик од енергетска зависност и штетни договори за идните генерации. Во колумната „Измама, омраза и глупост“, проф. Оливер Андонов пишува:

„Што добива Македонија од проектот? Ништо. Земјиштето му е дадено на инвеститорот, струјата од наш ветер ќе ја плаќаме ние, без реален бенефит за државата. Ова е класичен пример на користење на државни ресурси за приватен профит, со нејасни услови и нетранспарентност“, пишува проф. Андонов во својата колумна спцијално за медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Тој смета дека оваа владина зделка претставува туркање на земјата во енергетско ропство, но и дека од овој проект на владата, единствена добивка ќе имаат тој и неговите лојалисти што во скоро време ќе прераснат во мултимилијардери.

Инженерите бараат одговори

Здружението на инженери испрати официјално барање до Владата и неколку министерства согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за целосна документација поврзана со изградбата на ветерниот парк на „Алказар Енерџи“ во околината на Штип.

Инженерите бараат информации за договорите, дозволите, студиите за животна средина, јавните консултации и сопственичката структура на инвеститорот. Тие предупредуваат дека станува збор за сериозно отстапување на природни ресурси и потенцијално кршење на законските процедури.

„БАРАМЕ во најкраток можен рок да ни биде доставена (или објавена на веб-страниците на надлежните институции) целосната документација поврзана со најавената инвестиција на инвестицискиот фонд „Алказар Енерџи“ за изградба на ветропарк во околината на Штип, вклучително“, се вели во јавното обраќање на Здружението на инженери.

Тие бараат да се објават одлуки, записници и акти на Владата и надлежните министерства во врска со проектот, како и јавниот повик, договорите или други форми на спогодби склучени со инвеститорот. Тие, меѓу другото, бараат да биде обелоденета и студијата за оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС), со прилози, урбанистичка документација за предвидената локација (детален урбанистички план, урбанистички проект и слично), одобренија за градба, лиценци, дозволи и согласности од страна на РКЕ, МЕПСО, Министерството за економија, Министерството за животна средина и локалната самоуправа.

Со други зборови, инженерите кои очигледно добро ја познаваат оваа материја, ги бараат сите потребни документи за овој „економски успех“ на владата.

Тие во своето обраќање до владата бараат и информации за сопственичката структура на „Алказар Енерџи“, вклучително и посредници и правни субјекти ангажирани во постапката, како и технички, правни и финансиски аспекти на приклучокот.

Потписници на барањето се повеќе стручни лица од областа на инженерството и други релевантни области.

Останува да се види дали владата ќе го испочитува законот за пристап до јавни информации и ќе ги одговори овие прашања во законскиот рок од 30 дена.

Што е Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер?

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во Република Северна Македонија го регулира правото на граѓаните и правните лица да добијат информации од јавен интерес, со цел да се обезбеди транспарентност и отчетност на институциите.

Основни принципи:

  • Право на пристап: Секое физичко и правно лице, без дискриминација, има право на пристап до информации од јавен карактер.

  • Обврска на имателите на информации: Органите на државната власт, општините, јавните установи, јавните претпријатија, како и правни и физички лица што вршат јавни овластувања, се должни да овозможат пристап до информациите со кои располагаат.

  • Исклучоци: Пристапот може да биде ограничен ако информацијата е класифицирана, претставува личен податок, деловна тајна или ако нејзиното објавување може да нанесе штета на заштитен интерес.

Постапка:

  1. Поднесување на барање: Барателот може да поднесе барање усно, писмено или во електронска форма. 

  2. Рок за одговор: Имателот на информацијата е должен да одговори во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.

  3. Жалба: Ако барањето биде одбиено или не се одговори во предвидениот рок, барателот има право да поднесе жалба до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер е самостоен и независен државен орган кој решава по жалби поврзани со пристапот до информации. 

Има ли дилема? 

Во принцип, државата, односно власта, има обврска да обезбеди транспарентен и фер процес за сите, а не да остави уште еден проект со вакви размери да се реализира под превезот на „зелена транзиција“, но без доверба од граѓаните. Непотребно е да се поставува дилемата за тоа дали овие проекти се водат транспарентно и во јавен интерес, или се дел од затворени договори без целосна вклученост на засегнатите страни. Останува да видиме дали владата ќе одговори на прашањата од јавноста и од стручњаците.

Дехран Муратов

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ