• Latest

Положани: Година на силата и на нејзината отсутност

January 8, 2017

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Положани: Година на силата и на нејзината отсутност

January 8, 2017 18:11
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Беа најдобрите времиња, беа најлошите времиња…“ Со овој израз на Дикенс, би ја опишала 2016-та година. Во оваа година ја почувствував еднакво и присутноста и отсутноста на силата, но, можеби последнава, највеќе ме трогна. Со разните општествени движења во Македонија и во регионот, ми се зголеми надежта во гласот на граѓаните и волјата да се употреби истиот, независно од тоа дали има кој да ги ислуша. Постојаноста на отпорот беше она што ми даде храброст и воедно надеж дека нема да исчезне, туку дека ќе порасне во поголеми размери. Оваа надеж, и нејзиното остварување, сега се поважни повеќе од било кога.

lura-polozhani

Пишува: Лура Положани

2016-тата беше тешка, иако со бранови што даваат надеж, немирите од политичката криза во Македонија, изборите во САД, изборите во Австрија, изборите во Македонија, немирите во Косово, војната во Сирија, немирите во Турција…, сите овие случувања направија да се почувствувам немоќна. Иако поголем дел од овие случувања се одвиваа во различни и далечни земји, поголемиот дел од процесите кои ги овозможија, беа напад врз вредностите кои ги почитувам, како личност која верува во човековите права, човековото достоинство и толеранција, и ги почувствував како лични. Резултатот од изборите во САД беа еден од најсилните удари врз мојата свест. Како активистка за човекови права, особено за најранливите категории и за жените, изборот на Доналд Трамп, во една земја која сé уште се карактеризира како демократска, беше многу поразувачки. Во тој момент, ми се причини дека сето она за што моите колеги и јас, сме работеле долго време, како што е човековото достоинство, меѓусебното почитување и толеранција, се доживеаја како губитнички вредности. Оваа победа ми покажа дека ништо не може да се прифати како дефинитивно достигнување, независно – колку позитивно тоа нам ни изгледа.

Обично, донаторите и активистите на новите земји гледаат како полиња во кои треба да се подобри демократијата, да се подигне свесноста за универзални вредности, како што се толеранцијата, човековите права, и, меѓу другото, слободата на изразување. Изборите во САД, како и порастот на поддрршката за партиите на радикалната десница во Европа, ги ставија во прашање присутноста и нивото на свеста за овие вредности во земјите за кои се смета дека се развиени и демократски. Ова значи дека за активистите на глобално ниво, ќе има, и ќе биде потребно многу работење на полето на освестувањето и повторното запознавање со вредностите што ги изградија западните општества по Втората светска војна.

Изборите во САД имаа импликации и врз изборите во Македонија, иако индиректно, преку давање сила на идеите на десницата. Но, тука вреди да се потенцира, дека иако резултатите на изборите во Македонија не беа тие што многу активисти ги посакуваа и очекуваа, сепак, тие не ги повредуваат движењата што се случија во разните градови низ Македонија. Јас, како истражувач на овие движења, не гледам на нивниот успех во постигнувањето на одредени цели, само како таков, туку и во фактот што движењата, за првпат, создадоа една метода на отпор над етничките групи и често, над партијата.

Оваа година беше и година во која беа откриени длабоки поларизации во општеството, и не само во Македонија, туку на светско ниво. Многу е важно во идната година, овие поларизирања да ги адресираме. Не со намера да им судиме, туку да ги разбереме. Ако нешто посакувам за 2017-та година, тоа би било да слушаме – за да разбереме. И критики, со цел – подобрување и градење.

 

(Авторката е активистка за човекови права)

Tags: избориМакедонија САДполаризацијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ