• Latest
Војници Полска. Фото: EPA-EFE/WOJTEK JARGILO

Полска ќе понуди воена обука за сите возрасни мажи, изјави премиерот Туск

March 7, 2025

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Полска ќе понуди воена обука за сите возрасни мажи, изјави премиерот Туск

March 7, 2025 19:55
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Војници Полска. Фото: EPA-EFE/WOJTEK JARGILO

Војници Полска. Фото: EPA-EFE/WOJTEK JARGILO

Share on FacebookShare on Twitter

Полскиот премиер Доналд Туск рече дека полската влада се подготвува да ја стави достапна воената обука за сите возрасни мажи во земјата и дека иницијативата треба да биде готова до крајот на годината.

Туск денеска во парламентот изјави дека доколку Русија преземе контрола врз делови од Украина, тогаш Полска ќе се најде во „тешка географска ситуација“.

„Подготвуваме голема воена обука за секој возрасен маж во Полска. Нашата цел е да го финализираме планот до крајот на годината за да обезбедиме добро обучени резервни сили подготвени за потенцијални закани. Ако Украина ја загуби војната или ако ги прифати условите за мир, примирје или капитулација на таков начин што ќе го ослабне нејзиниот суверенитет и ќе му олесни на Путин да ја добие контролата над Украина, тогаш без сомнение – и сите ќе се согласиме за ова – Полска ќе се најде во многу потешка геополитичка ситуација“, рече Туск.

Зборувајќи подоцна за новинарите, Туск појасни дека не најавува продолжување на основната воена служба.

„Кога би предложил враќање на основната воена служба, би рекол. Имаме неколку модели. Еден од најценетите е швајцарскиот модел“, рече тој, додавајќи дека во вториот систем обуката „не е задолжителна, но има стимулации што ги тераат мажите да се одлучат за годишен тренинг“.

Во обраќањето во кое доминираше безбедноста, Туск исто така рече дека „Полска мора да ги следи најнапредните способности, вклучително и нуклеарно и модерно неконвенционално оружје.

„Ова е сериозна трка – трка за безбедност, а не за војна“, рече полскиот премиер.

Тој, исто така, изјави дека побарал од Министерството за одбрана да иницира повлекување на Полска од конвенциите со кои се забранува употреба на противпешадиски мини и касетна муниција, додавајќи дека „соочена со закана Полска ќе прибегне кон сите неопходни средства“.

Премиерот рече дека сите се свесни за сериозноста на ситуацијата, нагласувајќи ги случувањата поврзани со руско-украинската војна, трансатлантските врски и ситуацијата во Европа.

Тој рече дека Полска има „многу причини да биде многу фокусирана на безбедноста, на прашањата за војна и мир“, додавајќи дека многу гласови во Европа и САД „се приклонуваат кон рускиот наратив“ во врска со војната, иако тој рече дека ова останува „маргинална“ политичка позиција и во Полска и на Запад.

„Има само еден европски недостаток – неподготвеност да се преземе акција, несигурност и понекогаш дури и кукавичлук“, рече тој. „Сега е време да се дејствува.

„Сите во ЕУ, САД и Украина разбираат дека основната улога на Полска е да ја зајакне границата со Русија, а не да испраќа војници во Украина“, продолжи Туск.

„Нема причина Европа да се чувствува инфериорна во однос на Русија со оглед на разликите во популацијата и квалитетот на оружјето. Русија ќе биде беспомошна против обединета Европа“, рече Туск во парламентот.

Ј. Ѓ.

Tags: ПолскаТуск
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ