Северна Кореја го откажа културниот перформанс закажан за 4 февруари на севернокорејската планина Кумганг по повод претстојните Зимски олимписки игри во јужнокорејскиот град Пјеонгчанг.
Како причина за откажувањето на перформансот се наведува „пристрасното и навредливо претставување“ на Северна Кореја во Јужна Кореја.
Сепак, како што јави Би-Би-Си, севернокорејските власти нагласуваат дека „ќе се прдржуваат кон сите договорени ангажмани“.
Според јужнокорејското Министерство за обединување, властите во Пјонгјанг се лути поради медиумските тврдења дека постои можност да организраат воена парада на 8 февруари, само еден ден пред стартот на Зимската олимпијада.
извор:МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.