• Latest

Пописот – статистичка операција во време на здравствена криза

March 13, 2021
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Пописот – статистичка операција во време на здравствена криза

March 13, 2021 17:00
in ВЕСТИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Статистика

Државниот завод за статистика извести дека заклучно со 12 март во 8 часот наутро преку апликацијата за самопопишување се евидентирани  49 837 лица. Апликацијата за самопопишување, како што информираат од ДЗС, е во согласност со Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година и Упатството за самопопишување на лицата отсутни во странство, што ги донесува директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почнa на 1 март со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот.

Безбедност при спроведување попис

Во меѓувреме и покрај зголемениот број на позитивни на Ковид-19, сепак до ДЗС  уште не се стигнати насоки за одложување на пописот. Со цел обезбедување поголема безбедност на попишувачите кои ќе го спроведат Пописот на населението, надлежните на 12 март, исто така, известија дека се подготвени и соодветни здравствените протоколи.

Министерот за здравство, Венко Филипче на 11 март, изјави дека се подготвени и за правење тестови, и оти има капацитети да се направат и да се промени протоколот доколку има потреба.

Опозицијата, пак, побара одложување на пописот во септември, останувајќи на ставот дека негово спроведување во април може да предизвика ризик за здравјето на граѓаните.

На 11 март, Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ со „ургенции“ кај меѓународниот фактор во земјата побара за одложување на пописот. Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ во писмото што Мицкоски го испратил до амбасадорите освен за  одложување на пописот, од истите причини, здравствена состојба во земјата, се бара и одложување на локалните избори наместо во октомври, да се одржат во ноември.

Изјави

Оваа недела останаа забележани и неколку изјави на експерти и политичари токму за потребите од попис и влијанието на опструкциите за спречување на неговото спроведување.

Од Државниот завод за статистика за ЦИВИЛ изјавија дека пописот може да се изврши и пред вратите на домовите, па дури и пред влезовите во зградите.

„Сите граѓанки и граѓани кои не се чувствуваат комфорно да им дозволат на попишувачите да влезат во нивните домови, истото можат, како што препорача и Комисијата за заразни болести, попишувањето да го извршат пред вратите на своите куќи или станови, а доколку временските услови дозволуваат во моментот, истото може да се спроведе во надворешни услови, односно во дворовите на куќите или пред влезовите на зградите“, одговорија од ДЗС за ЦИВИЛ.

„Сите податоци кои што ги имаме од базите не ги попишуваме, ги имаме. Тие што не ни се докомплетирани, ги попишуваме и ги споредуваме со базите. Но, има податоци кои што ги нема во ниедна база, како што е верска определба, етничка определба. Морате да го направите. Има сигурно и други податоци кои што се собираат директно, како што се членови на домаќинства, бројот на членови, на деца, образование и слично. Затоа пописот е намален во делот на прашалниците, за еден дел веќе имаме електронски податоци, а еден дел само го споредуваме“, изјави премиерот Зоран Заев, на 10 март.

Политикологот Благојче Атанасовски, на Утрински брифинг на 11 март, изјави дека повиците за неотворање врата се антидржавен чин, а самиот бојкот како инструмент започнале да го користат силите со безидејна политика.

„Мора да се направи оваа рентген-слика на нашето општество, особено поради масовното иселување. Потребни ни се податоците за демографските особености за да се проектира идниот развој, а критикувани бевме и во европските извештаи. Доколку се запазуваат сите мерки и протоколи нема да дојде до нагло зголемување на бројката на заразени, а тоа ни го покажа и добрата организација на минатогодишните предвремени парламентарни избори“, оцени Атанасовски.

Попис: Статистика, не политика

Панел дискусијата на  ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“ што се одржа во Гостивар за јавноста беше одлична можност да се слушнат ставовите и мислењата на нивните локални претставници: Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар, Бесим Мемеди, претседател на совет, Зоран Ангелов – координатор на советничка група на СДСМ и  Марјан Силјаноски- советник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Многу сум оптимист дека ова е последен попис што во државата ќе се извадува физички. Во странство кога им треба попис на секои 6 месеци пуштаат апликации и населението се попишува онлајн. Што ќе постигнат малите партии што ќе сакаат да го бојкотираат пописот? Што ќе постигнат со тоа? Јас ги повикувам да подразмислат убаво, најмногу за нивните деца“, порача градоначалникот Таравари.

„Ние не сме за бојкот на пописот, бидејќи ни е потребен попис. Дебатата за законот за попис требаше да опфатат повеќе политички партии. Власта отфрли 40 амадмани од ВМРО-ДПМНЕ. Се согласувам дека пописот е математичка операција – а не политичка“; истакна Марјан Силјаноски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние треба да ги мотивираме граѓаните да се оддржи овој попис. Како лекар повиќувам кога ќе се оди во куќи каде што се знае дека има позитивни да се оди добро подготвени да не се зарази уште некој, со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19“, нагласи Бесим Мемеди, претседател на Совет на Општина Гостивар.

„Отселувањето на младите кадри за жал е многу големо и затоа мора да знаеме колку се отселени, на која возраст се и образованието нивно да го видиме. Во графата за етничка припадност секој ке се попише како се чувствува. Се надевам на успешно спроведен попис со почитување на сите мерки кои ќе ги препорача комисијата з заразни и сите мора да се придржуваат кон тие мерки“, заклучи Зоран Ангелов, координаторот на советничката група на СДСМ.

За крај, овонеделниот СКЕН-политички видео магазин „Дебатата за пописот во Штип, вистински пример за конструктивен дијалог“ ретроспективно не враќа на претпоследната панел дискусија на ЦИВИЛ во Штип и важноста на пописот на локално ниво.

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ