На третатата седница на Советот на Град Скопје, која ќе се одржи на 29 декември, меѓу другото ќе се расправа за избор на претседатели и членови на управните одбори на јавните претпријатија и на културните институции под надлежност на Градот. Меѓу предложените се и имиња на луѓе активни во политичкиот живот.
Во УО на ЈСП ќе се најде и Емил Јанчески од Левица.
Актерката Јелена Жугиќ и поранешен советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ влегува во Управниот одбор на Младински културен центар, како и Жарко Масларовски од Левица.
На предлозите за членови на управните одбори стои името на Трајко Славески, кој е претседавач со Советот, а предлагачи се група советници.
На предложените членови реагираше Мартин Попов, организациски секретар и советник во Советот на Град Скопје од СДСМ, кој посочи дека „независната“ градоначалничка Данела Арсовска тргнува во груба партизација на јавните установи и јавните претпријатија под надлежност на Градот, со предлог за поставување лица на режимот на клучни позиции.
-Предлог-листите за членови на управните и на надзорните одбори на јавните установи и јавните претпријатија во Град Скопје се полни со партиски докажани кадри на ВМРО-ДПМНЕ – рече Попов на прес-конференција, посочувајќи на Арсовски, Митева, Стоилковски и Жугиќ.
Според него, Арсовска секојдневно покажува дека освен партизација на институциите, освен блокирање важни проекти за скопјани, ништо друго нема намера да работи.
Извор: Слободен печат