Ефикасното ембарго за увоз на нафта и гас од Русија би можело да стави крај на руската војна во Украина за осум недели. Ова го изјави Би-Би-Си Андреј Иларионов, поранешен главен економски советник на Владимир Путин, пишува URA–Inform.
„Доколку западните земји се обидат да воведат вистинско ембарго на извозот на нафта и гас од Русија, се обложувам дека воената операција на Русија во Украина веројатно ќе биде прекината на месец или два“, рече Иларионов.
Иларионов беше висок советник и претставник на Путин на состаноците на Г8 во 2000-2005 година, кога тој поднесе оставка во знак на протест поради упадот во училиштето во Беслан од страна на руските војници. Во 2004 година, тоа беше цел на терористички напад на чеченските милитанти, при што загинаа 333 цивили.
Повиците за санкции од Западот за руското ембарго за нафта и гас стануваат се погласни додека злосторствата извршени од руските војници во близина на Киев го потресуваат светот. Киев постојано го обвинува Западот дека ја финансира војната со Русија, која продолжува да купува руска енергија.
подготвил Жорж Димовски