Косана Мазнева, поранешна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ денеска е назначена за нова директорка на Јавното Претпријатие Комунална Хигиена Скопје. Назначувањето на Мазнева доаѓа по разрешувањето на Енуз Кока, братот на Исуф Кока, човекот што пукаше во воздух кај плоштадот Скендербег за време на протестите против европскиот предлог, на 6 јули.
„Мазнева има повеќе од 15 години искуство, во кои била раководител на сектор природа во Министерство за животна средина и просторно планирање, одговорен инженер и советник за животна средина во АД Електрани на Македонија и поранешен пратеник во два мандата. Високо образование има завршено на Природно-Математичкиот Факултет во Скопје“, е кусата биографија што денеска ја испрати Град Скопје за новоименуваната директорка на ЈП Комунална хигиена.