• Latest

Поранешно „Матично“ ќе стане нов младински центар

November 2, 2020

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025

Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

October 11, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Поранешно „Матично“ ќе стане нов младински центар

November 2, 2020 14:20
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
Градоначалниците на Центар и Град Скопје, Саша Богдановиќ и Петре Шилегов, како и претставници од Сојузот на извидници на РСМ на денешната прес конференција го најавија почетокот на реконструкцијата на објектот на поранешната Управа за водење матични книги (Матично), и ќе биде отворен првиот Младински центар во државата за промоција и афирмација на младинската мрежа.

Градочалникот Богдановиќ истакна дека овој проект немало да биде возможен без поддршката од Програмата за развој на Обединетите нации – UNDP и Швајцарската агенција за развој и соработка, каде со финансиски грант во износ од 50.000 швајцарски франци ќе бидат реализирани вкупно три проекти.
„Отворањето на Младинскиот центар е еден од предлог проектите кои влегоа во финалната селекција во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети”, како дел од форумските сесии кои се одржаа мината година во соработка со граѓаните. Општина Центар ќе кофинансира со 83% од вкупниот износ за реконструкција на објектот, а УНДП со вкупен износ од 1.173.208,00 денари во форма на донација.
Креирањето на еден ваков одржлив и инклузивен центар за младите, ќе претставува сервисен центар и нов мултифункционален простор за реализација на разни едукативни активности за младинските и извидничките организации, како и неформалните групи на млади лица“, вели Богдановиќ.
„Овој проект на Општина Центар е она што всушност ние и го разговаравме со младите во текот на нашите кампањи пред три години, а тоа е дека дел од потенцијалите што ги имаат општините на своите територии ќе ги ставиме во служба на младинските организации, за да го подобриме младинското здружување и да направиме место каде што формалните и неформалните организации на младите ќе имаат свое престојувалиште и седиште и ќе може непречено да ги извршуваат своите активности. Објектот каде што денеска се наоѓаме, објектот на „Матично“, за многу кратко време ќе има сосема нов изглед и структура. Очекувам дека младинските организации од општината Центар ќе го препознаат ова катче како свое. Ги охрабрувам и другите градоначалници на територијата на Скопје да го следат овој пример и во рамките на своите можности да обезбедат по еден ваков капацитет за да се подобри младинското организирање’, изјави Шилегов.
Од Град Скопје додаваат дека ги поддржуваат младите луѓе во Скопје, не само преку Младинскиот културен центар и другите културни институции во надлежност на градот, туку и преку многубројните конкурси за стипендии на талентирани ученици, млади спортисти и уметници кои вложуваат многу и претставуваат вистинска гордост.
Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ