Поранешен ученик во средното училиште од градот Паркленд во Флорида отвори оган во училиштето и уби 17 луѓе, соопшти окружниот шериф Скот Израел.
Тој информира дека е утврден идентитетот на напаѓачот и оти се работи за 19-годишниот Николас Круз. Тој мирно и се предал на полицијата, додаде Израел.
Кај него е пронајдена најмалку една пушка и повеќе муниција. Повеќето жртви, 12 се убиени во самото училиште, а некои пред објектот. Меѓу жртвите има и ученици и возрасни.
Напаѓачот бил исфрлен од училиштето поради дисциплински причини.
Шерифот Израeл на прес-конференција после нападот рече дека сцените на лице место се „страшни“ и оти нема зборови со кои би ги опишал
Паркленд се наоѓа на околу 72 километари северно од Мајами.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини