Абу Обеида, портпаролот на вооруженото крило на Хамас, е убиен во воздушен напад во градот Газа, соопшти Израел, пренесува Би-би-си.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, им честиташе на Израелските одбранбени сили (ИДФ) и на израелската безбедносна агенција Шин Бет за „беспрекорното погубување“ во објава на X.
Хамас не ја потврди неговата смрт. Палестинската вооружена група претходно соопшти дека десетици цивили биле убиени и повредени во израелските воздушни напади врз станбена зграда во областа.
Локалните новинари објавија дека најмалку седум лица биле убиени, а 20 повредени во нападите врз густо населената населба Ал-Римал во градот Газа, меѓу жртвите има и деца.
Нападот во сабота доаѓа во време на тековните воздушни напади врз градот Газа пред планираната израелска офанзива.
Д. Мишев