• Latest

Посебен сообраќаен режим поради Скопскиот маратон

May 6, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Посебен сообраќаен режим поради Скопскиот маратон

May 6, 2018 10:27
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Поради „Виз Ер Скопски Маратон 2018“, организиран од Сојузот на спортови на Скопје на кој учествуваат околу 10.000 натпреварувачи од педесетина земји, денеска одредени сообраќајници се забранети за сообраќај. 

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје презема мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот.

МВР соопшти дека за трката на 5.000 метри предвидена е траса на движење преку плоштад Македонија, преку Камени мост лево покрај новиот театар, па лево преку мостот Гоце Делчев до бул.Илинден и по него лево по улиците „Рузвелтова“, „М.Т.Гологанов“, „Димитрие Чуповски“, „11-ти Октомври“ и пред Порта Македонија се врти лево на плоштад Македонија каде е целта.

Стартот на полумаратонот на 21 километар е од плоштадот Македонија преку Камени мост, лево покрај новиот театар, лево по мостот Гоце Делчев по бул. Илинден лево по ул. „Љубљанска“ и ул. „Московска“, десно по ул „.Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти назад и се оди по улиците „М.Т.Гологанов“, „Димитрие Чуповски“, „11-ти Октомври“, „Крушевска република“, по бул. „Трета Македонска бригада“, ул. „Фрањо Клуз“, бул. „Јане Сандански“ до крајот пред семафорот со бул. „Србија“ каде се врти назад по бул. „Јане Сандански“, и улиците „Фрањо Клуз“, „Крушевска Република“, „11-ти Октомври“, се влегува низ Порта Македонија и на плоштадот, каде е и целта.

И главната маратонска трка ќе се одвива по истите сообраќајници како полумаратонот, но со уште еден дополнителен круг.

Полицијата апелира до граѓаните за разбирање и почитување на посебниот сообраќаен режим во текот на одржувањето на настанот. (МИА)

Tags: „Виз Ер Скопски Маратон 2018“СКОПЈЕсообраќаен режим
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ