Уметникот Агим Пошка од Струга во видео порака во Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“, за тоа како треба да се однесуваме едни кон други, за иднината и хармонијата меѓу нас.
„Јас сум од Струга, и ние имаме многу убава река во центарот на градот, како што и многу други градови имаат свои реки. Граѓаните направија една хармонија живеејќи покрај реката со децении. Мислам дека оваа метафора може да се користи и за нашите сограѓани. Луѓето во Македонија треба да живеат едни со други, не едни покрај други. Иднината е во наоѓање хармонија, која ќе создава попозитивна и посветла иднина за сите нас“, истакна Пошка.
Дијана Тахири
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Биљана Јордановска