„Чудно е што во 21 век ние сè уште разговараме за почитување на различностите. Светот го реши тоа многу порано. Некои жешки глави сакаат мултукултурата да ја престават во лошо светло, но ние не смееме тоа да го дозволиме“, истакна Агим Пошка, на панел дискусија на ЦИВИЛ за општествената одговорност на интелектуалците и уметниците во промовирањето на различностите и европските вредности.
Тој додаде дека од градот од каде доаѓа има една река до која живеат.
„Живееме покрај реката, но, и со нашите граѓани живееме едно до други, а не едни со други.
Големите несреќи како што е пандемијата не прашуваат за етнички разлики, туку борбата е заедничка.
Треба да се работи со младите, и во мојот универзитет има предмет каде предавам за мултикултурата.
Овој феномен да стане нормалност е само работа со младите. Јас мојата ќерка ја носам на места каде има мултикултурност.
Политиката ни ја расипува сликата, но се надевам дека преку уметноста и музиката ќе научат дека треба да ги застапуваат овие вредности за кои денес зборуваме.
Различноста не треба да се гледа како некој хендикеп“, вели Пошка.