коментира: ДЕХРАН МУРАТОВ
Додека барањата за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи стануваат сѐ погласни и можеби денови, ако не и часови ѝ се одбројани на министерската позиција, таа денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.
Од нејзиниот кабинетот велат дека на средбата тие „разменуваа искуства од областа на трудот и трудовото законодавство, активните мерки и политики за вработување, со посебен акцент на вработување на младите, законодавството во сферата на социјалната заштита, се темите кои се опфатени во Меморандумот за соработка од 2016 година меѓу Северна Македонија и Русија“.
Но, дали навистина средбата била за разменување на искуства од горенаведените теми, или можеби барала искуства за како да постапува во конкретната ситуација кога се бара нејзина оставка, останува да видиме откако ќе добие отказ од работното место техничка министерка.
БЛИЦ е рубрика на ЦИВИЛ МЕДИА во која објавуваме кратки, најчесто редакциски, коментари поврзани со веста на денот во рубриките ДНЕВНИК и ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, но и за други актуелни настани во земјата и во светот.
Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.